Првиот ден на Spotlight Conference започна со три работилници кои се фокусираа на најактуелните теми: „Level Up Your SEO with Advanced Tactics“ со Фабрицио Баларини од Wise, „Turn Your Social Media Into a Lead Machine“ со Sophie Miller, основач на Pretty Little Marketer, и „Master Content-Led Organic Growth“ со Кајл Баерс од Semrush.
Како социјалните медиуми станаа машина за генерирање на потенцијални клиенти
Особено внимание предизвика сесијата на Софи Милер, која сподели практични стратегии за трансформирање на социјалните медиуми во моќна алатка за раст на бизнисите. Милер, основач и директор на Pretty Little Marketer, во своето обраќање истакна како успеала да изгради заедница од над 400.000 следбеници за помалку од три години, користејќи ги социјалните медиуми како двигател за генерирање на продажба.
Таа ги сподели најважните чекори за успешна трансформација на платформите на социјалните медиуми во машини за генерирање на потенцијални клиенти. Еден од клучните совети беше важноста на наоѓањето на специфична ниша публика и создавањето содржина која резонира со неа. Според Милер, „Успехот не е во тоа да се обидуваме да бидеме сè за секого, туку да бидеме вистинскиот избор за вистинските луѓе.“
Оптимизација и содржина – клучот за успех
Софи Милер ја нагласи и важноста на правилна оптимизација на профилот, користење на релевантни клучни зборови и професионални слики за подобрување на видливоста. Исто така, креирањето на визуелно привлечна и информативна содржина е суштински дел од успешниот lead generation процес. Според неа, „Content is King“, и објави кои носат вредност и ангажман се клучни за привлекување потенцијални клиенти.
Инвестиција во реклами и повици за акција
Милер ги спомена и таргетираните реклами на социјалните медиуми како моќен инструмент за проширување на досегот до целната публика. Платформите како Facebook и LinkedIn, со нивните форми за генерирање на потенцијални клиенти, овозможуваат едноставно собирање на информации и создавање нови контакти.
Дополнително, секоја објава на социјалните медиуми треба да содржи јасен повик за акција (CTA), кој го насочува корисникот што да направи следно. Ова може да вклучува пријавување за newsletter или преземање бесплатна едукација – се со цел да се претворат следбениците во потенцијални клиенти.
Аналитика и брз одговор како клучни елементи
Милер ја нагласи и важноста на аналитиката, која им овозможува на маркетерите да го следат однесувањето на публиката и да дознаат каква содржина најмногу ги привлекува. Овој пристап базиран на податоци овозможува континуирано подобрување на стратегиите.
Исто така, таа ја подвлече потребата за брз одговор на коментарите и пораките. Навремената комуникација со следбениците значително ги зголемува шансите за трансформирање на потенцијалните клиенти во купувачи.
Финансиски резултати преку монетизација
На крај, Милер го истакна значењето на монетизацијата на присуството на социјалните медиуми, каде што со стратешки промоции и партнерства брендовите можат да ја конвертираат својата публика во клиенти. Ова вклучува пласирање на производи или услуги преку јасни CTA пораки кои директно водат до продажба.
Првиот ден од Spotlight Conference 2024 во Амстердам започна инспиративно, а учесниците имаа можност да научат многу нови стратегии и практики од експерти како Pretty Little Marketer. Конференцијата продолжува со нови сесии и ексклузивни говори, а тимот на WebMind.mk ќе продолжи да ги споделува најинтересните моменти од настанот.
Останете со нас за повеќе информации и ексклузивни вести од Spotlight 2024!