НАЈОРИГИНАЛНАТА реклама досега? Кога Тони Сопрано ја убива политичката коректност (ВИДЕО)

Животот е краток! Еве како тоа ни го објасни познатиот актер Џејмс Гандолфини.

toni soprano

Извор: YouTube

На почетокот на 2000-тите во нашиот регион, а во светот и многу порано, прво дојде до развој, а потоа и до експлозија на адвертајзинг индустријата. Кој ќе биде пооригинален, попрониклив, покреативен, полуд? Во што? Во креирањето реклами. 

Многу реклами станаа ненадминати, како што е оваа на Budweiser’s – Wassup:

Списокот е долг, а впечатокот е дека денес голем дел од овие реклами не би можеле да ја видат светлината на денот. Ниту од технички, ниту од визуелни причини. Туку, поради политичката коректност.

Денес, хуморот може да се сфати премногу сериозно, да се цензурира и се чини дека голем број различни организации внимаваат на ранливите социјални групи. Шегата не е дозволена.

Во моментот кога популарната серија Сопранови беше на врвот, рекламната агенција McCann Erickson од Израел направи реклама со главниот протагонист, актерот Џејмс Гандолфини.

Во согласност со она што семејството Сопрано најдобро знаело да го направи, рекетирање, убивање и заработка од тоа, добиваме многу субверзивна и индиректна порака дека животот е краток и вреди да се живее до максимум.

Рекламата е направена за брендот YES и нивниот производ YesOH за HBO.

Погледнете ја:

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.