Британскиот производител, кој е во сопственост на Tata Motors, ќе лансира три нови електрични автомобили во 2026 година. Како дел од процесот на ребрендирање, Jaguar откри целосно ново лого. Наместо старото лого со големи букви, новиот дизајн носи помодерен и софистициран изглед, кој Jaguar го опишува како „моќна прослава на модернизмот“.
Новото лого, во златна боја, е специјално дизајнирано за оваа пригода со уникатен фонт. Буквите се раздалечени и напишани со мали букви, освен буквите „G“ и „U“, за кои компанијата тврди дека претставуваат „неочекуваност, преку хармонично спојување на големи и мали карактери“.
Jaguar најави премин кон електрични возила во 2021 година. Генералниот директор, Ралдон Гловер, изјави дека повлекувањето на новите автомобили од продажба било „намерен потег“.
https://www.instagram.com/p/DCjBohfvdj2/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again
„Мораме да ја промениме перцепцијата на луѓето за тоа што претставува Jaguar“, изјави тој. „А тоа не е директна, лесна задача. Затоа поместувањето помеѓу старото и новото, всушност, е многу важно“, додаде тој.
Главниот креативен директор на Jaguar Land Rover (JLR), Џери Мекговерн, изјави дека Jaguar има „корени во оригиналноста“ и дека неговиот основач, сер Вилијам Лајонс, верувал дека „не треба да биде копија на ништо“.
Новиот бренд на Jaguar е „имагинативен, смел и уметнички“ и „единствен и бестрашен“, додаде тој.
Првиот автомобил од новиот бренд ќе биде GT со четири врати.
Извор: Bislife.rs