Што значи вистинска дигитална трансформација? Тоа не е само користење на Excel или воведување на нов софтвер, туку целосна промена на начинот на кој компаниите работат, планираат и се поврзуваат со клиентите. Како микро и малите бизниси можат успешно да се дигитализираат? Кои се клучните чекори за воведување на нови технологии? Каде да најдат финансиска и консултантска поддршка за трансформација? Како да бидат конкурентни на глобално ниво? Со искуство во рекрутмент, финансии и банкарство, како и експертиза во маркетинг менаџмент, бизнис планирање, преговарање и дигитална стратегија, Јован Димитров ни открива кои се конкретните чекори за компаниите да го направат овој скок.
Избор на уредникот