Во оваа епизода разговараме со Васко Карангелески, искусен менаџмент консултант со над 20 години искуство во стратешки менаџмент, извоз и проширување на бизниси. Како основач на BRULZ, тој им помага на компаниите да растат, да се дигитализираат и освојуваат нови пазари.
NewBiz
Повеќе
Како новите технологии можат да придонесат за подобро управување со ресурсите и да поттикнат општествена одговорност? Во оваа епизода на #NewBizPodcast, Дина Арнаут споделува иновативни пристапи за одржлив развој, нуди различни креативни решенија што можат да помогнат во намалување на отпадот и подобрување на еколошките практики.
Во новата епизода на New Biz Podcast разговараме со Петар Ниновски, основачот на Brainster, за визијата зад еден од најиновативните образовни центри во регионот и за тоа како изгледа иднината на учењето и претприемништвото во ерата на ВИ.
Во новата епизода на New Biz Podcast, разговараме со Јован Димитров, експерт за дигитална трансформација, кој докажува дека дигитализацијата не е резервирана само за големите компании – таа е можност за сите!
Дали сте сигурни дека никогаш не би наседнале на онлајн измама? Според Божидар Спировски, експерт за сајбер безбедност, за секој од нас постои мамка на која можеме да кликнеме – прашањето е само која!
Како климатските промени влијаат врз претпријатијата? EarthCare.ai, најновата иновација на Горјан Јовановски, нуди прецизни климатски анализи за средни и големи претпријатија во енергетскиот, банкарскиот и консултантскиот сектор. Со користење на сателитски, радарски и други податоци, платформата помага да се следат и предвидат шумски пожари, поплави и екстремни врнежи, силни ветрови и бури, екстремни температури и суши.
All articles loaded
No more articles to load