Игор Трајковски: Дали AI и LLM ја менуваат вистината на интернет? I New Biz Podcast #3​

Кога Игор Трајковски го создал Time.mk го решавал својот проблем на студент во Словенија кој сакал да следи вести од својата земја. Агрегаторот прерасна во бизнис кој бара постојано следење на новите технологии во креирање и менаџирање на вестите. Растот и промените на Time.mk отсликуваат и лични и општествени успеси и падови кои го создале моделот што денес генерира над 15 милиони посети месечно. ​

Во третата епизода на NewBizPodcast Игор го демистифицира патот до индексирање на Time.mk и открива какви промени очекува да донесе развојот на вештачката интелигенција во news бизнисот. Дали AI ќе предизвика хиперпродукција на лажни вести и дезинформации, менувајќи го концептот за онлајн вистина, или ќе овозможи подобро детектирање и спречување на таквите содржини? Во ерата на големите јазични модели (LLM) се менува и начинот на кој пребаруваме на интернет, а со тоа се менуваат и изворите на кои им веруваме. Овој разговор ја истражува потребата за адаптација, едукација и свесност. ​

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.