Како можеш легално да водиш бизнис во САД како нерезидент? Зошто Вајоминг и Делавер се најчестите избори за регистрација на компании? Како финтек решенијата како Mercury и Brex ја менуваат играта? Петар го споделува своето лично искуство, бидејќи овој пат тој го поминал сам пред да ја основа Neubase – компанија која им помага на бизнисите безбедно и брзо да воспостават операции во САД. Од правни регулативи и даночни обврски, до банкарски решенија и стратегии за долгорочен раст – оваа епизода е полна со корисни совети и реални примери. Дали си фриленсер кој сака да фактурира на меѓународни клиенти? Старт-ап основач кој сака да влезе на американскиот пазар или претприемач кој размислува за глобална експанзија? Тогаш, оваа епизода е must!
Избор на уредникот