Прва фабрика за летечки автомобили во Кина
Во Кина започна изградбата на првата фабрика за летечки автомобили во Гуангџоу, главниот град на провинцијата Гуангдонг, кој се наоѓа на југот од земјата. Компанијата XPENG AEROHT и нејзиниот оддел за производство на летечки автомобили XPENG, ќе бидат првите во светот што ќе започнат со масовно производство на летечки автомобили, пренесува Кинеското меѓународно радио.
Според податоците на оваа компанија, првиот погон на фабриката, со годишен капацитет од 10.000 единици, ќе биде сместен на површина од 18 хектари и ќе биде наменет за производство на воздушниот модул за летечкиот автомобил наречен „Копнен носач на авиони“.
„Компанијата до крајот на годината треба да започне со претпродажба на летечкиот автомобил „Копнен носач на авиони,“ кој го заврши своето тестирање и пробен лет со екипаж во септември,“ изјави Жао Дели, основачот на XPENG AEROHT, објави порталот INVEZZ.
Модуларниот модел LAC, кој веќе го заврши својот прв пробен лет со човечки екипаж, претставува комбинација од автомобилска и воздушна технологија, со цел да овозможи вертикално полетување и слетување (eVTOL). Првото јавно прикажување на ова возило се очекува да се одржи на претстојниот аеронаутички саем во Кина, додека претпродажбата ќе започне кон крајот на 2024 година.
Овој чекор претставува значаен напредок кон комерцијализација на летечките автомобили, со цел да се развијат решенија за одржлив урбан транспорт кои ќе ги интегрираат иновациите од областа на воздухопловството и автомобилската индустрија.
Извор: web-mind.rs