Уште еден успех во низата  – Филомена Пљаковска Аспровска се стекна со признание на сертифициран експерт за дигитална трансформација

На Филомена Пљаковска Аспровска, главната извршна директорка и претседателка на УО на Касис АД, единствениот македонски процесор за картични плаќања и пионер компанија во платежната индустрија, финтек и електронската трговија во земјава и регионот, ѝ беше доделено признание за сертифициран експерт за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатијa.

casys-1736-fi

Извор: CaSys

Како експерт, Филомена Пљаковска Аспровска продолжува да придонесува за градење на успешен дигитален екосистем на бизнисите во земјата и да ги поттикнува успешните мали и средни претпријатија да ја зголемат својата конкурентност преку примена на дигитални алатки.

Важноста на дигиталната трансформација и дигиталната интеграција на локалните бизниси со странскиот пазар е од клучно значење за развивањети и растот на економијата, но и за подобрување на бизнис процесите и квалитетот на услугите. „Во улога на сертифициран експерт, сигурна сум дека ќе придонесам за стратешки планирани дигитални иницијативи кои ќе трансформираат компании од корен. Оваа програма на ГоДигитал е повик за акција за сите нас тука присутни да ја водиме нашата заедница кон поврзана и технолошки напредна иднина и да оставиме белег на економијата,“ изјави Пљаковска Аспровска.

casys-1736-ps1

Сертификацијата за експерти за дигитална трансформација, во Австриската Стопанска Комора, е иницирана и поддржана од Центарот за дигитална трансформација – ГоДигитал, непрофитна институција, која ја иницира и имплементира програмата за дигиталната трансформација на ММСП во Македонија, обезбедувајќи континуирана поддршка на претпријатијата во поглед на know how, кофинансирање, се до успешно имплементирање на стратегијата.

„Нашата примарна цел е да ја поттикнеме дигитализацијата и да ги водиме компаниите низ тој сложен процес на дигитална трансформација, да понудиме квалитетни консултанти и секако да укажеме на предностите кои дигитализацијата ќе им ги донесе на македонските микро, мали и средни претпријатија“, рече Никица Мојсовска Блажески, директор и ко-основач на ГоДигитал.   

Целта на имплементирањето на програмата за дигитална трансформација на микро, мали и средни претпријатија е тие да ги подобрат своите перформанси преку трансформирање на своите работни операции во автоматизирани дигитални процеси, при што интегрирањето на дигитални решенија во нивните деловни стратегии ќе ги зголеми приходите и профитот и воедно ќе стимулира пораст на локалната економија.

casys-1736-ps2

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.