Компанијата веќе испрати известувања до некои корисници за лансирањето на новиот производ наречен TikTok Notes, пренесува Tech Crounch.
Во соопштението се вели дека компанијата наскоро лансира „нова апликација за објавување фотографии“ и дека постоечките објави на корисниците ќе бидат споделени во апликацијата Tiktok Notes.
Корисниците ќе можат да изберат да не ги споделуваат своите објави со слики во новата апликација.
TikTok потврди дека работи на апликацијата, но дека сè уште не е достапна.
„Како дел од нашата постојана посветеност за иновирање на искуството на TikTok, ние истражуваме начини како да ја зајакнеме нашата заедница и да ги охрабриме корисниците да создаваат и да ја споделуваат својата креативност преку фотографија и текст во простор наменет за тие формати“, рече портпаролот на TikTok.
TikTok, исто така, експериментира со други формати како што се 30-минутни видеа, па дури и со текстуални објави кои се вообичаени за платформите Ix (Twitter) или Threads.