Славната актерка лута на OpenAI: Гласот на „Sky“ потсетува на нејзиниот

Холивудската актерка Скарлет Јохансон побара од компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI да објасни детално како е создаден гласот „Sky“ кој се користи во новата аудио верзија на AI моделот- ChatGPT-4.0, бидејќи тој премногу потсетува на гласот на славната актерка. „Минатиот септември добив понуда од извршниот директор на OpenAI Сем Алтман, кој сакаше да го користи мојот глас за AI моделот ChatGPT-4.0. По долго размислување и по лични причини, ја одбив понудата“, тврди Јохансон.

slavnata akterka luta na openai

Извор: Youtube

Таа наведува дека Алтман го контактирал нејзиниот агент два дена пред да биде објавена демо верзијата на ChatGPT, барајќи Јохансон „уште еднаш да размисли“ за понудата, но новиот AI модел бил објавен пред да успеат да се поврзат.

„Кога ја слушнав објавената демо верзија, бев шокирана и лута. Не можев да поверувам дека Алтман ќе го искористи гласот кој толку морничаво личи на мојот глас, што дури и моите најблиски пријатели или новинските куќи не можеа да ја препознаат разликата“, рече актерката.

slavnata akterka luta na openai

Извор: Freepik/jcomp

Според неа, Алтман во својата тогашна објава на мрежата X дури алудираше на тоа дека сличноста на гласовите е намерна, бидејќи напиша само зборот „Her“.

Имено, Скарлет го позајмуваше гласот во улогата на вештачката интелигенција во холивудскиот филм „Таа“ („Her“) од 2013 година.

OpenAI претходно соопшти дека ќе го повлече гласот Sky и на својот блог истакна дека тој не е избран да биде „имитација“ на гласот на Скарлет Јохансон.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.