Функцијата се воведува како позитивен одговор на бројните барања од корисниците кои изразија посебен интерес да им се стави на располагање оваа опција, како резултат на анкета спроведена на шест водечки пазари.
Функцијата „Избриши без трага“ е ексклузивно достапна за корисниците на претплатничкиот пакет Viber Plus за услуги без реклами, која овозможува креирање на уште попријатно комуникациско искуство приспособено на личните потреби, а содржи и беџови за верификација, неограничен пристап до Viber стикери, услуги за техничка поддршка во живо и други предности. Функцијата која досега беше оценета како омилена е „Невидлив режим,“ која им овозможува на корисниците да го скријат својот статус на присуство на мрежата без другите да можат да видат дека ги прочитале пораките, што го истакнува фактот колку тие ја ценат својата приватност. Функцијата „Избриши без трага“ дополнително ќе ги збогати нивните можности за заштита на приватноста, овозможувајќи брзо и неупадливо отстранување на дигиталниот траг од нивните пораки.
„Viber Plus ја претставува нашата посветеност да обезбедиме корисничко искуство, кое не е само функционално, туку и забавно и безбедно,“ изјави Офир Ејал, генерален директор на компанијата Rakuten Viber. „Ќе продолжиме со практиката на користење повратни информации од нашите корисници за да креираме уште повеќе функции кои ќе им бидат омилени, како функцијата „Невидлив режим,“ и со тоа да создадеме повеќе причини за нивно задоволство и леснотија во комуникацијата.“