Проверете си го телефонот: WhatsApp воведе нова корисна функција

Дали сте се нашле во ситуација кога не можете секогаш да слушате гласовна порака? Сигурно да. Затоа најпопуларната апликација за разговори во светот, WhatsApp, воведува нова корисна функција во својата Android апликација, засега само во бета верзија.

proverete si go telefonot whatsapp vovede nova korisna funkcija

Извор: Unsplash / Dima Solomin

Станува збор за транскрипција на гласовни пораки, која е веќе достапна во WhatsApp Beta верзијата 2.24.15.5 за Android.

Транскрипцијата моментално поддржува англиски, шпански, португалски, руски и хинди, но наскоро ќе бидат додадени повеќе јазици.

Доколку сакате да ја испробате новата функција на WhatsApp, треба да преземете дополнителен пакет на податоци кој е неопходен за сите транскрипти на пораките да можат да се генерираат на вашиот Android уред.

Функцијата за транскрибирање на гласовни пораки, претходно во текот на мај, ја добија и  корисниците на iOS уредите.

Новата функција за гласовни белешки на WhatsApp, исто така, им овозможува на корисниците да бараат конкретни информации во рамките на пораките. Кога гласовната белешка се транскрибира, текстот се индексира, со што се овозможува тој да се пребарува.

На пример, ако корисникот бара конкретни информации во долга говорна порака, или не се сеќава која гласовна порака ја содржи содржината што ја бара, тој може да бара релевантен клучен збор или фраза користејќи ја лентата за пребарување, а транскрипцијата ќе истакне каде се појавува тој текст во пораката.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.