Платформата Х забранета во Бразил

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александре де Мораес, нареди забрана за работа на платформата Х во таа земја, бидејќи не е именуван правен претставник за платформата за размена на пораки во Бразил.

platforma-x-2037-fi

Извор: Freepik

Мораес веќе неколку месеци јавно се расправа со сопственикот на Х, Илон Маск, откако оваа социјална мрежа не ги исполни законските наредби да блокира одредени профили кои се обвинети за ширење лажни вести и говор на омраза.

Во одлуката на судот се наведува дека казните за поединци и компании кои користат алтернативни начини за пристап до платформата Х ќе достигнат и до 50.000 бразилски реали, односно нешто повеќе од 8.000 евра на дневно ниво.

Државниот регулатор за телекомуникации, Anatel, е должен да ја спроведе одлуката на судот во рок од 24 часа.

Претходно, бразилскиот претседател Лула да Силва порача дека Илон Маск мора да ја почитува одлуката што ќе ја донесе Врховниот суд на Бразил.

Илон Маск во своите објави на Х го споредуваше Мораес со лордот Волдемор, лик од серијалот за Хари Потер, и го нарекуваше диктатор под маска на судија.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.