Плаќате за да имате реклами: YouTube воведува нова опција за претплатници

Минатата година YouTube ја прекина Premium Lite, поевтината верзија на услугата YouTube Premium, но компанијата сега тестира нова верзија за претплата во Австралија, Германија и Тајланд.

reklama-2308-fi

Извор: Freepik

Компанијата го потврди тестирањето, а портпаролката Џесика Гиби рече дека тестираат „поинаква верзија“ на претплата со „некои корисници во Австралија, Германија и Тајланд веќе неколку месеци (со најновото тестирање кое започна во Австралија на почетокот на оваа година)“. Гиби додаде и дека „во моментов немаат повеќе што да споделат во врска со пошироко воведување“.

Според скриншот споделен од кантавторот Џона Манзано на платформата Threads, претплатата за Premium Lite во Австралија чини 8,99 австралиски долари месечно на веб, што е нешто помалку од половина од цената на целосната Premium верзија која изнесува 16,99 австралиски долари. На iOS, Premium Lite чини 11,99 додека целосната Premium верзија е 22,99 австралиски долари, според друг скриншот направен од Манзано.

https://www.threads.net/@jonahmanzano/post/DBOAv-UT_vZ?xmt=AQGzhPGBEvH9KZbT3vt-urhEoGB3-lInYI4NTBkkJ12KjXA

Додека претходната верзија на услугата Premium Lite ги отстрануваше сите реклами на YouTube и YouTube Kids, новата верзија има ограничен број на реклами. Во фуснота, YouTube забележува дека рекламите може да се појавуваат на „музичка содржина и на shorts-видеа“, а корисниците може да гледаат „реклами кои не го прекинуваат видеото за време на пребарувањето и прегледите“.

Во дел од овој скриншот исто така се покажува дека оваа Premium Lite верзија не нуди пристап без реклами до YouTube Music, можност за преземање и репродукција на видеа офлајн или опција за слушање видеа во позадина, кои исто така не беа достапни во стара верзија на Premium Lite.

YouTube првично започна со тестирање на услугата Premium Lite во делови од Европа во 2021 година.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.