Вести

Скопје, 2 октомври 2026 – Во Скопје започна Startup Revolution AI Summit 2026, четиридневен настан кој од 1 до 4 октомври ги обединува стартапите, инвеститорите, претприемачите, технолошките компании и претставниците на институциите околу
Ако користите Google Messages, можно е наскоро да забележите дека некои познати движења со прстот повеќе не функционираат онака како што сте навикнати Google почна пошироко да воведува промена во начинот на кој во разговорите се прикажува времето…
Скопје, 30092026 – Компанијата Xiaomi организираше конференција во соработка со овластениот дистрибутер EWE Дистрибуција од Скопје, со цел дополнително зајакнување на присуството на македонскиот пазар и унапредување на соработката со…

Повеќе

Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните финансиски пазари оваа недела, откако берзите го претрпеа најголемиот пад од 2020 година минатата недела поради американските царини за стоки од остатокот од светот.
Бесплатната апликација за размена на пораки Signal се најде во фокусот на јавноста откако беше потврдено дека ја користеле високи претставници на американската влада за комуникација во рамки на тајна група на платформата. Ситуацијата кулминираше кога главниот уредник на магазинот The Atlantic, Џефри Голдберг, по грешка беше додаден во групен чет во кој се разгледувале планови за напад врз Хутите во Јемен.
Компанијата Амазон практично понуди да ја купи платформата ТикТок, на која в сабота и се заканува забрана на територијата на САД бидејќи е кинеска, изјави синоќа функционер на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Организаторите на Меѓународниот саем за автомобили во Ванкувер ја исфрлија компанијата „Тесла“ од настанот поради, како што е наведено во образложението, безбедносни проблеми поврзани со компанијата што ја води американскиот милијардер Илон Маск, пренесе Си-Ен-Ен (CNN).
Во март, Европската комисија ги обвини американските технолошки гиганти, Google и Apple, за прекршување на Законот за дигитални пазари на Европската унија (DMA). Овие обвиненија би можеле дополнително да ги зголемат тензиите меѓу Европската унија и САД, особено со оглед на заканите на претседателот Доналд Трамп за можни царини како одговор на построгата регулатива на ЕУ за американските технолошки компании.
Јужна Кореја и САД се договориле за тесна соработка во брзо решавање на последиците од одлуката на американското Министерство за енергетика, кое ја означи Јужна Кореја како „чувствителна земја“.