Европската комисија го подготви предлогот за воведување на унифициран полнач во 2021 година. Според првичниот план, новите правила требаше да стапат на сила кон средината на оваа година, но имплементацијата беше малку одложена.
Европскиот парламент и Советот на ЕУ го поддржаа предлогот со големо мнозинство гласови. Во нивното објаснување, тие наведоа дека стандарден полнач за сите електронски уреди – вклучувајќи телефони, таблети, електронски читачи, дигитални фотоапарати, слушалки, рачни конзоли за видео игри и преносливи звучници – ќе ја намали количината на електронски отпад.
Во согласност со правилата на ЕУ, потрошувачите нема да мора да купуваат нов полнач со секој нов уред што ќе го набават.
Ана Кавацини, претседателка на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент, според порталот Euronews, изјави дека ова е „одлучувачки чекор кон удобноста на потрошувачите и одговорноста за животната средина“.
Меѓу производителите кои најдолго го одложија воведувањето на USB-C конекторот е американскиот технолошки гигант Apple, кој тоа го направи минатата година.
Новите правила сè уште не важат за производителите на лаптопи. Тие ќе стапат на сила на 28 април 2026 година.
Извор: Bizlife.rs