Ова тврдење се појавува во време кога глобалната трка за доминација во областа на вештачката интелигенција станува сè поинтензивна, а прашањето за заштита на интелектуалната сопственост добива нова димензија.
Поради тоа, постои загриженост за потенцијално прекршување на интелектуалната сопственост.
Креаторот на ChatGPT, еден од најпопуларните ВИ чет-ботови во светот, изјави за Financial Times дека има докази за таканаречена „дестилација“, за која се сомнева дека потекнува од DeepSeek.
Оваа техника ја користат програмерите за да постигнат подобри перформанси кај помали модели, користејќи податоци од поголеми и помоќни системи. Ова им овозможува да добијат слични резултати за одредени задачи, но по значително пониска цена.
Поточно, процесот подразбира дека еден ВИ модел поставува голем број прашања на друг модел за да ги научи неговите шеми на одговарање и на тој начин да „извлече“ негово знаење.
Дестилацијата е вообичаена практика во оваа индустрија, но постои сомневање дека DeepSeek ја користи за да развие сопствен конкурентен модел. Ваквата практика претставува директно прекршување на условите за користење на платформата OpenAI.
„Проблемот настанува кога тоа се прави со цел да се создаде модел за сопствени потреби,“ изјави едно лице блиско до OpenAI.
Америчката компанија OpenAi, предводена од Сем Алтман, го обвини својот кинески конкурент DeepSeek дека неовластено го користел нивниот ВИ модел за тренирање на својот чет-бот.
Извор: Web-mind.rs