Новиот тренд на TikTok може да биде катастрофален за наоѓање нова работа

Новиот тренд на TikTok e „лудо ризичен за идните можности за работа“, вели поранешен регрутер на Google, мислејќи на зголемениот број на видеа објавени за добивање или давање отказ во компании.

nov-trend-na-tiktok-1222-fi

Извор: Freepik / user25451090

Неодамна Brittani Pietsch објави видео од нејзиното отпуштање од технолошката компанија Cloudflare. Видеото стана вирално, а различни медиуми го разгледуваа начинот на кој компанијата ја отпушти работничката, но и нејзината одлука да ја објави приказната на овој начин. Видеото е прегледано околу 1,1 милион пати.

Таа не е првиот TikToker што го сподели овој момент на платформата. Во април 2023 година, Џони Бонеморт, објави слично видео.

„Го документирав моето отпуштање бидејќи веќе бев многу активна на TikTok во тој момент. Не беше толку тешко да ја споделам мојата оставка и покрај ранливоста што ја покажав. Ја објавив затоа што тоа беше моето искуство“, изјави таа за CNBC Make It.

@brittanypeachhh

Original creator reposting: brittany peach cloudflare layoff. When you know you’re about to get laid off so you film it 🙂 this was traumatizing honestly lmao #cloudflare #techlayoffs #tech #layoff

♬ original sound – Brittany Pietsch

Одговорите на гледачите беа „95% позитивни“, вели Бонеморт. Луѓето ми даваа поддршка и споделуваа слични приказни, а работодавците почнаа да го бараат нејзиното CV. Всушност, „мојот сегашен работодавец го виде моето видео на TikTok и ме повика на интервју“, вели таа.

Нивните приказни се охрабрувачки. Тие ја илустрираат позитивната страна на објавувањето на вакви видеа, како што е добивањето поддршка од гледачите. Професионалците за кариера можат да ја разберат нивната привлечност – за некои, тие можат да бидат начин да ги повикаат своите работодавци за нефер работни практики.

Меѓутоа експертите за кариера советуваат да се внимава.

Лошите страни на ваквите видеа

  • Покажуваат максимална анксиозност

Еден од предизвиците со создавање на вакви објави е тоа што тие нема секогаш да ја прикажуваат најпрофесионалната верзија од вас.

„Ќе го правите тоа во време кога сте многу емотивни“, вели тренерот за кариера Фиби Гевин.

„Доживувате максимална вознемиреност, фрустрација, огорченост, лутина и тоа не се емоции кои се погодни за донесување добри одлуки. Не е во најдобар интерес на вашата професионална репутација да објавувате видео на кое липате или пцуете по нив или ги нарекувате со имиња на многу агресивен, непростлив начин, дури и ако тоа се соодветни реакции на начинот на кој сте биле третирани“, вели Гевин.

  • Ја доведуваат во прашање вашата мотивација

Можеби изгледа дека намерата зад објавувањето на такво видео е „мојот работодавец беше неправеден кон мене, па ќе му вратам со ова“. Дури и да не е така, така изгледа, а за регрутерите тоа не е најдобар показател за карактерот на работникот.

„Вашата компанија можеби го заслужува тоа, но можеби не е во ваш најдобар интерес како професионалец“, вели Гевин.

  • Губење на довербата

На крајот на краиштата, ваквото видео може да му отежни на идниот работодавец да ви верува.

„Доколку дознаам дека сте го направиле тоа, првото нешто што ќе помислам е „добро, што друго објавувате на социјалните мрежи освен работите за кои зборуваме?“, вели Черч.

„Особено во виртуелен свет каде што можеби работиме од далечина или хибридно, морам во голема мера да верувам дека има добра намера од двете страни, дека секој збор што ќе го кажам нема да биде снимен. Луѓето сакаат да се чувствуваат удобно да зборуваат за време на работните интеракции, и ако мислат дека нешто што ќе кажат некако би можело да се искористи против нив во иднина, тоа може да ги направи тие интеракции напнати и застрашувачки“, вели тој.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.