Од првиот ден, Nestlé чекори рамо до рамо со својот овластен локален дистрибутер, градејќи партнерство кое веќе цели 20 години претставува темел на неговото присуство на овој пазар. Денес, тоа присуство се огледа во повеќе од 30 брендови и 350 производи кои се дел од нашето секојдневие:
Извор: Nestlé
- Утрински ритуали и уживања: Од незаменливото кафе NESCAFÉ и Nesquik, до слатките моменти со KitKat, Smarties, After Eight и Lion.
- Традиција на трпезата: Кулинарска магија со производите на Maggi и THOMY, неизбежен дел од секој семеен ручек.
- Поддршка за нашите херои: По посебно место во оваа приказна има партнерството помеѓу брендот Maggi и Ракометната федерација, преку кое компанијата стои зад македонскиот национален спортски дух.
- Поддршка за локалната заедница: Донации на храна за Банката за храна на Македонија и поддршка за социјалните претпријатија.
Извор: Nestlé
„Она што го прави овој јубилеј посебен се луѓето. Овде, во срцето на Скопје, нашиот мал, но моќен тим од професионалци работи секој ден за да се осигура дека омилените светски брендови пристигнуваат до семејствата и до сите граѓани. Не само што ги следиме трендовите и иновациите што ги воведува Nestlé како глобален лидер во индустријата, туку и внимателно ги слушаме преференциите на локалните потрошувачи, соодветно прилагодувајќи го нашето продажно портфолио. Nestlé е одговорен корпоративен чинител и пријател на македонското општество, и затоа ќе продолжиме да ги поддржуваме локалната заедница, цивилното општество, како и спортот и одржливоста“, изјави Богдан Новаковиќ, раководител на продажба во Nestlé Македонија.
Извор: Nestlé
Одржливите деловни практики се видливи и преку секојдневните избори – вработените во локалната канцеларија селектираат отпад и користат хибридни возила, следејќи ги глобалните еколошки насоки за заштита на планетата. Истовремено, грижата за најмладите се гледа и во поддршката за локалната заедница, како што е донацијата на спортска опрема за училиштата и градинките во Велес.
„Некои можеби ја гледаат Македонија како мал пазар, но Nestlé не ја гледа така. Всушност, македонскиот пазар е еден од најбрзорастечките во регионот на југоисточна Европа. Забележавме дека семејните ручеци и љубовта кон ракометот тука се негувани ритуали и вредности, и токму во тој дух ги споивме жолто-црвените бои на нашиот бренд Maggi и македонското знаме“, изјави Џузепе Карела, раководител на пазарот за југоисточна Европа во Nestlé.
Извор: Nestlé
По две децении, визијата останува иста: бескомпромисен квалитет и одговорност кон потрошувачите и партнерите. Nestlé ветува дека ќе продолжи да биде партнер на македонското општество, обезбедувајќи нутритивно богати производи и поддршка за заедницата.
Извор: Nestlé