Портпаролот на Мета, во чија сопственост е и Facebook, не го објави бројот на отпуштените.
„Тоа вклучува преселба на некои тимови во други градови и преместување на некои вработени на други работни места“, се вели во соопштението на компанијата, која вели дека „кога нечија улога е елиминирана, таа напорно работи на наоѓање други можности за вработените“.
Американскиот портал за технологија The Verge наведува дека Мета ги намалила тимовите на сервисите за размена на пораки на WhatsApp, Instagram и за технологијата на виртуелна реалност Reality Labs.
Мета неколку пати отпушташе откако забрзано вработуваше за време на пандемијата. Оваа година веќе имаше отпуштања во Reality Labs, во 2022 година беа отпуштени 11.000 вработени, а минатата година 10.000 луѓе.
Извор: Bizlife.rs