Европската унија, кон крајот на октомври, воведе царини, со образложение дека, според резултатите од истрагата, државните субвенции им даваат нефер предност на кинеските производители на пазарот.
Највисоката царина, од 35,3%, беше наметната на кинескиот производител на електрични автомобили SAIC.
По SAIC, следуваат Geely со 18,8% и BYD со 17%. Европската комисија утврди најниска царинска стапка за автомобилите што Tesla ги произведува во Кина – 7,8%.
Американската компанија Tesla минатата среда, на последниот ден од рокот за жалби, поднесе тужба против Комисијата поради одлуката за царините, приклучувајќи се на Geely, SAIC, BYD, Кинеската комора за меѓународна трговија (CCCME) и германскиот BMW, покажуваат судските документи.
Mercedes во Кина соработува со Geely, напоменува агенцијата dpa.
Европскиот парламент во извештајот објавен во октомври цитираше информации од повеќе извори, според кои кинеските компании (на пр. BYD, Nio и Xpeng) сè уште извезуваат релативно мал број автомобили. Две третини од увозот на кинески возила во ЕУ се автомобили што ги произведуваат европски и американски компании во Кина.
Портпаролот на Европската комисија, одговарајќи на прашањето за тужбата, изјави дека се „подготвени да ја бранат својата одлука пред суд“.
Извор: Bizlife.rs