Управниот одбор летово најави строги мерки за штедење на водечкиот бренд, авиокомпанијата Lufthansa, која најверојатно нема да оствари профит оваа година и сега има за цел да биде на нула. Од програмата за штедење се очекува да го зголеми оперативниот профит за 2,5 милијарди евра до 2028 година, пренесува DPA.
Магазинот „Менаџер“ наведува дека управата планира заштеда и при набавките, како и дека има намера да ја зајакне кампањата за привлекување на деловни патници, од кои само 60% се вратиле во авионите по завршувањето на пандемијата.
Покрај тоа, компанијата смета дека работата на околу 400 контролори на летање на аеродромите во Франкфурт и Минхен може да се рационализира со помош на вештачка интелигенција.
Извор: Bizlife.rs