Gen Z сакаат работни места кои ќе помогнат во решавањето на климатската криза

Прашањето е дали имаат идеја како да стигнат до истите?

gen z sakaat rabotni mesta koj kje pomognat vo reshavanjeto na klimatskata kriza

Извор: Freepik

Gen Z се сметаат за најсвесна и одговорна  генерација кога станува збор  за климата и климатските промени, скоро две третини од оваа популацијата изјавуваат дека сакаат “зелено” работно место во наредните пет години.

Според анализата на LinkedIn, која открива дека само 1 од 20 работници од Gen Z имаат “зелени” вештини како мерење на јаглеродни емисии, изградба на соларни, ветерни и електрични возила, намалување на отпади или заштита на квалитетот на водата.

LinkedIn класификувал неколку стотини вештини како “зелени” и анализирал податоци од повеќе од една милијарда луѓе и 65 милиони компании користејќи  ја мрежната  платформата помеѓу јануари 2016 и март 2024 година. Во мај, LinkedIn исто така спроведе онлајн анкета на повеќе од 7,000 работници во САД, Европа, Бразил и Обединетите Арапски Емирати за да ја опгфати перцепцијата на Gen Z за “зелените” работни места.

LinkedIn предупреди дека зелениот дефицит на вештини може да им отежне на владите и компаниите да ги исполнат своите климатски цели, особено со Gen Z,  што ќе чини околу 30% од глобалната работна сила до 2030 година. Напорите за намалување на емисиите на стакленички гасови од автомобили, камиони, згради, електричната мрежа и прехранбената индустрија можат да создадат стотици милиони работни места низ светот. Иако дефицитот на вештини е најакутен меѓу Gen Z, тоа е дел од поширок тренд во работниот пазар.

Околу 63% од работниците од Gen Z изјавиле дека најголемата пречка е недостатокот на достапни можности. Тоа можеби е поради тоа што работодавците бараат луѓе со претходно искуство или одредена техничка вештина, вели Ефрем Бајсер, сениор менаџер за јавна политика и економска графика во LinkedIn. Сепак, тој исто така истакнува дека многу од работодавците велат дека сакаат работници кои се жедни да учат и решаваат проблеми.

“Податоците ни кажуваат дека Gen Z  го има тој квалитет во голема мера,” вели Бајсер, нагласувајќи дека две третини од Gen Z изјавиле дека се заинтересирани за обуки и едукативни програми.

Бајсер додадва и дека работодавците треба да ги усогласат своите климатски цели со плановите за вработување и да идентификуваат зелени вештини кои можат да ги научат луѓето на работа. Постојат и работни титули кои можеби не звучат “зелено”, но помагаат на компаниите да ја намалат својот еколошки импакт.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.