Овој период воздухот е наелектризиран. Не само поради светилките и подароците, туку и поради адреналинот што доаѓа веднаш потоа. следува период кога семејството повторно се собира – овојпат околу телевизорот, или за најсреќните, директно на трибините во Данска.
Свирчето за крај на „натпреварот“ – Добитниците се избрани!
Како секој добар натпревар, и нашата голема наградна игра имаше свој финиш. „Натпреварот“ за наградите заврши, свирчето означи крај на пријавувањето, а ние со задоволство можеме да кажеме – тимот е составен!
За добитниците, оваа зима ќе биде навистина незаборавна бидејќи ќе ги пакуваат куферите за Данска. Тие ќе ја имаат честа да ја почувствуваат атмосферата на Европското првенство од прва рака, бодрејќи ги нашите ракометари од лице место. Замислете ја таа енергија: звукот на химната, полната сала и гордоста на трибините, искуство кое се памети цел живот.
Одбројуваме до спектаклот
Патувањето за двајца во Данска е главната награда, но приказната не застанува тука.
Maggi знае дека навивачкиот дух не почнува на стадион, туку дома. Затоа дел од наградите се и спортски дресови – симбол дека секој дом може да стане мала навивачка арена. Сега „ситно броиме“ до почетокот на првенството.
Тука повторно Maggi стапува на сцена, но овој пат во улога на главен сојузник на навивачите. Кога очите се вперени во екранот и секој напад е важен, никој не сака да поминува часови покрај шпоретот.
Затоа, добитниците на оригиналните ракометни дресови веќе се подготвуваат да го обојат својот дневен престој во црвено-жолти бои. А на масата? На масата главен играч е брзиот и вкусен оброк. Топла Maggi супа за загревање на грлото пред навивање, или Maggi нудли за брза енергија на полувреме – тоа е рецептот за совршена ракометна вечер.
Две еуфории, една страст
Овој јануари спојуваме две големи љубови, љубовта кон добрата храна и страста кон спортот. Додека ги сумираме впечатоците од празниците и ги јадеме последните парчиња од новогодишната торта, мислите веќе ни се во Данска.
Честитки до сите добитници и на оние што ќе патуваат и на оние што ќе носат нови дресови! А за сите нас останати, нека зоврие водата, нека се подготват чиниите и нека грмнат навивачките песни. Ракометната магија допрва почнува!