Овие европски квартови ги нема во водичите, а освојуваат на прв поглед

По предизвикувачкиот период за Нетфликс, платформата пронајде нов хит во серијата „The Boroughs“, најновиот проект кој го продуцираа творците на серијата „Stranger Things“, браќата Дафер. Серијата ја креираа Џефри Адис и Вил Метјуз, а заплетот и атмосферата ја исполнуваат празнината која ја остави „Stranger Things“.

kvartovi-5835-fi

Извор: Unsplash/Gabriella Clare Marino


Како што пишува The Guardian, токму овие делови од градовите се меѓу најинтересните места за запознавање на вистинскиот локален живот.

Од Берлин до Љубљана: Квартови полни со карактер

Меѓу препораките се најде Maybachufer во берлинскиот Нојкелн, познат по својот мултикултурен пазар, каналите и опуштената атмосфера, како и Gorbals во Глазгов четврт со богата историја, мурали и скриени градски катчиња.

На листата е и Метелкова во Љубљана, некогашна воена касарна претворена во центар на алтернативната култура, уметноста и ноќниот живот, додека загребскиот Тушканац ги привлекува посетителите со своето зеленило, старите вили и мирната атмосфера во непосредна близина на центарот на градот.

kvartovi-5835-ps1

Извор: Unsplash/Florian Wehde

Морски воздух, архитектура и локален живот

Меѓу помалку познатите европски локации се издвојуваат:

  • Foz do Douro во Порто, каде што градскиот амбиент совршено се спојува со атлантскиот брег.
  • Coppedè во Рим, кварт познат по својата необична, речиси бајковита архитектура и мирните улици надвор од главните туристички текови.
  • Харлем покрај Амстердам, кој плени со своите историски улици и традиционални ветерници.
  • Иксел (Ixelles) во Брисел, кварт познат по својата мултикултурна атмосфера, кафулиња и силно чувство на заедница.

Стокхолм и Келн меѓу фаворитите

The Guardian го издвојува и Белгискиот кварт во Келн, познат по прекрасните паркови, уметничките продавници и живописната угостителска сцена, додека меѓу најинтересните предлози се најде и Birkastan во Стокхолм.

Овој мирен дел од шведската престолнина освојува со своите калдрмисани улици, локалните кафулиња и опуштениот начин на живот, нудејќи едно сосема поинакво доживување на градот од она што туристите најчесто го искусуваат во центарот.

Наместо извиканите атракции, заедничко за сите овие четврти е нивната автентичност тоа се места каде што најдобро се запознава секојдневието на локалното население и атмосферата која тешко може да се пронајде во класичните туристички водичи.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.