Најавата за оваа уредба доведе до пад на цената на биткоинот за околу 5%, достигнувајќи 85.000 долари. Сепак, во петокот на европскиот пазар биткоинот се стабилизираше и порасна на 89.200 долари.
Биткоинот официјално признаен како резервна државна актива
„Стратешките резерви“ ќе бидат капитализирани со биткоин кој е запленет од страна на федералната влада во рамките на процесот на конфискација на имот, изјави советникот за криптовалути во Белата куќа, милијардерот Дејвид Сакс, во објава на платформата Икс (X).
„Значењето на оваа извршна уредба е главно симболично, бидејќи за првпат означува дека биткоинот е официјално признат како резервна актива на владата на САД“, изјави Ендру О’Нил, директор за дигитални средства во S&P Global Ratings.
Иако уредбата не вклучува моментална купопродажба на криптовалути од страна на владата, останува можноста во иднина државата да започне со купување на биткоин.
Влијанието врз пазарот и реакциите
Оваа најава доаѓа во време кога ветувањата на Трамп за стратешки резерви и очекувања за нови регулативи во крипто-индустријата доведоа до пораст на вредноста на криптовалутите, при што биткоинот во јануари достигна рекордна цена од 109.071,86 долари.
Сепак, многумина на пазарот ја оценија оваа одлука како недоволно храбра.
„Ова е најслабиот и најразочарувачки исход што можевме да го очекуваме оваа недела“, напиша Чарлс Едвардс, основач на Capriole Investments, во објава на платформата Икс.
Извор: Beta_AP
Кои дигитални средства ќе бидат дел од резерватот?
Претседателот Трамп оваа недела именуваше пет дигитални средства кои планира да ги вклучи во државните резерви:
- Биткоин (BTC)
- Етер (ETH)
- XRP (XRP)
- Солана (SOL)
- Кардано (ADA)
Иако е јасно кои криптовалути се избрани за овој државен резервен фонд, останува неизвесно како точно ќе функционира истата и каков ефект ќе има врз даночните обврзници.
„Дигитален Форт Нокс“ за криптовалутите
„САД нема да продаде ниту еден биткоин депониран во резервата. Тој ќе се чува како средство за складирање на вредност. Оваа резерва претставува дигитален Форт Нокс за криптовалутите, кои често се нарекуваат ‘дигитално злато’“, изјави Сакс.
Поддржувачите на оваа иницијатива тврдат дека стратешката резерва на криптовалути ќе им помогне на даночните обврзници, овозможувајќи им да имаат корист од растот на цената на дигиталните средства во иднина.
Извор: bizlife.rs