Отпуштањата, кои беа најавени во петок наутро, се однесуваа на целиот бизнис. Дел од нив се должат на лошите перформанси, додека други се дел од ревизијата за реорганизација на приоритетите, изјави извор кој сакаше да остане анонимен.
Најголем дел од засегнатите вработени работеле во предградие на Детроит, во глобалниот технички центар на General Motors во Ворен, Мичиген. Во отпуштањата се вклучени и мал број вработени плаќани по час.
Компанијата оваа година има за цел да ги намали фиксните трошоци за две милијарди долари, справувајќи се со забавувањето на продажбата во САД, влошувањето на деловното работење во Кина и промената на севкупната стратегија за електрични возила поради послабата побарувачка од очекуваното.
Претставник на GM ги потврди отпуштањата, но одби да го открие вкупниот број.
Овие отпуштања следат по претходните отпуштања на повеќе од 1.000 работници од организацијата за софтвер и услуги на GM, во август.
На крајот на минатата година, глобалната работна сила на GM изнесуваше 76.000 луѓе, вклучувајќи околу 53.000 вработени во САД.
Извор: Bizlife.rs