Вештачка интелигенција

Начинот на кој луѓето пребаруваат информации брзо се менува. Покрај традиционалните пребарувачи, сè почесто користат алатки како ChatGPT, Perplexity, Claude, Gemini и AI Overviews за да постават прашање и да добијат директен одговор.
Вештачката интелигенција е сè поприсутна во медиумите, компаниите и секојдневната комуникација, а Европската Унија воведува појасни правила за тоа кога корисниците мора да знаат дека содржината што ја гледаат, читаат или слушаат е…
Meta го лансираше Muse Glimmer, модел наменет за извршување AI задачи директно на компјутери, додека Марк Закерберг ги повикува САД да го олеснат развојот на open-weight модели за американските компании да останат конкурентни на…

Повеќе

Google Photos наскоро добива нова функција која ќе користи вештачка интелигенција за претворање на фотографиите од вашата облека во дигитална гардероба. Во неа ќе можете да составувате нови модни комбинации, па дури и виртуелно да ги испробате.
Додека многумина стравуваат дека вештачката интелигенција ќе им ги преземе работите, OpenAI го објави својот најпаметен модел досега, GPT-5.5. Брзиот развој на вештачка интелигенција е истовремено фасцинантен и застрашувачки, а денешната технологија е способна за нешта кои пред само неколку години изгледаа невозможно.
Кога станува збор за емпатија, луѓето сè уште велат дека повеќе ѝ веруваат на човечката комуникација отколку на вештачката интелигенција. Но, истражувањата покажуваат интересен парадокс: кога учесниците требало однапред да изберат од кого би сакале да добијат емпатичен одговор, најчесто избирале човек. Кога, пак, подоцна ги читале конкретните одговори, AI бил оценет како поемпатичен, покорисен и подобар во тоа да направи луѓето да се чувствуваат сослушано.
Во моментот кога вештачката интелигенција сè посилно ги менува канцелариските работи, еден глобален малопродажен гигант одлучи да тргне во спротивна насока кон занимањата што бараат раце, алат и конкретна работа на терен.
Вештачката интелигенција е фасцинантна, но кога станува збор за здравјето, таа сè уште не е подготвена да ги замени белите мантили. Новото истражување на престижната мрежа Mass General Brigham од Бостон откри сериозен пропуст дека AI моделите не успеваат да постават соодветна диференцијална дијагноза во повеќе од 80% од случаите.
Можете ли да верувате дека поминаа повеќе од три години откако ChatGPT се појави во нашите интернет пребарувачи? За кратко време, вештачката интелигенција стана составен дел од секојдневната работа и приватниот живот, а бројот на достапни AI алатки енормно порасна.