Copyscape
Извор: Web-mind.rs
Прва на нашата листа е алатката Copyscape, која е специјализирана за откривање на плагијати и обрасци на вештачка интелигенција.
Тaа е една од најстарите и најпознатите алатки за проверка на плагијати. Иако првенствено е наменета за идентификување сличности меѓу текстовите, нејзината способност да ги анализира обрасците во писмена форма ја прави корисна за откривање на содржина генерирана од вештачка интелигенција. Алатката ги анализира текстовите споредувајќи ги со голема база на податоци од Интернет.
Нејзините клучни карактеристики се следните: Лесна е за користење, идеална за откривање на повторувачки шеми карактеристични за GPT моделите и корисна за блогерите, авторите на содржина и академската заедница.
Quillbot
Извор: Web-mind.rs
На второ место е алатката најпогодна за анализа и оптимизација на содржината, која се нарекува Quillbot.
Позната е како алатка за парафразирање и оптимизација, но нејзината јазична анализа дава увид во текстовите што звучат „механички“ или премногу формално, што се вообичаени карактеристики на содржината генерирана од вештачка интелигенција. Оваа алатка често се користи за откривање и подобрување на квалитетот на текстот.
Нејзини клучни карактеристики се: Откривање на синтаксички и семантички неправилности, можност за анализа на големи текстови, идеална е за секој кој сака дополнително да ја подобри својата содржина, но и да идентификува потенцијално генерирани делови од текстот.
Copyleaks
Извор: Web-mind.rs
Copyleaks е специјализирана за откривање содржина со вештачка интелигенција, вклучувајќи ги моделите GPT-3 и GPT-4.
Copyleaks е една од водечките алатки специјализирани за препознавање на текстови генерирани од вештачка интелигенција. Нејзината напредна технологија ги анализира текстуалните обрасци, синтаксата и семантиката, обезбедувајќи точни резултати дури и за најсофистицираните модели со вештачка интелигенција.
Нејзините клучни карактеристики се следните: Ги препознава најновите верзии на модели со вештачка интелигенција, обезбедува детални извештаи со проценти од веројатноста за генерирање на вештачка интелигенција и е особено корисна за едукаторите и истражувачите кои сакаат да ја осигураат автентичноста на академските трудови и истражувања.
GPZero
Извор: Web-mind.rs
GPTZero е алатка развиена специјално за препознавање на содржина генерирана од моделите GPT. Користи лингвистичка анализа за да ги идентификува обрасците во речениците и тоналитетот на текстот, обезбедувајќи точни проценки за потеклото на содржината.
GPTZero се фокусира на откривање типични структури генерирани со вештачка интелигенција, има брз и едноставен кориснички интерфејс и е совршена за идентификување на студентски трудови кои можеби се напишани со помош на апликации за вештачка интелигенција.
Originality.ai
Извор: Web-mind.rs
Originality.ai е специјализирана за креаторите на дигитални содржини, како што се блогерите и маркетинг тимовите. Нејзините алгоритми се оптимизирани за препознавање на вештачки генерирани текстови, а во исто време ја проверуваат оригиналноста на материјалот. Нејзини карактеристики се: Успешна проценка на плагијат и генерирана содржина во еден чекор, а се препорачува за оние кои сакаат да ја осигурат уникатноста и автентичноста на своите дела.
Извор: Web-mind.rs