OpenAI ја повлече најновата верзија на ChatGPT бидејќи премногу се „умилкувала“

Компанијата OpenAI ја повлече својата најнова верзија на четботот ChatGPT-4o, откако корисниците се пожалија дека во разговорите бил премногу сервилен, ласкав и дека дури ги фалел и најбесмислените сугестии на своите корисници.

ai-3482-fi

Извор: Freepik

Софтверот со вештачка интелигенција GPT-4o, кој се појави на пазарот пред само неколку дена, се однесувал претерано подложно и понизно, а корисниците се жалеле дека дури и на најбаналните прашања прво ги „облива“ со комплименти.

Последниве денови на социјалните мрежи кружат приказни дека таа верзија на GPT – програм кој користи длабоко учење за да ја олесни комуникацијата меѓу луѓето и компјутерите и да одговара на прашања или да преведува – дури и најлудите идеи, како прашањето „дали треба да се прегрне кактус“, ги поддржувал со ентузијазам, пишуваат медиумите.

Корисниците се пожалија дека ваквото однесување на софтверот е збунувачко и непријатно, па затоа компанијата OpenAI одлучила да интервенира.

Една од причините за ваквото однесување, според медиумите, веројатно е тоа што креаторите на ботот се обиделе по секоја цена да создадат софтвер кој ќе им се допадне на корисниците, а според постоечката статистика на компанијата – комплиментите секогаш добивале позитивен одзив.

OpenAI во иднина планира да воведе повеќе опции за однесување на својот софтверски бот, кој пред нешто повеќе од две години предизвика еуфорија околу вештачката интелигенција, а денес неделно го користат околу 500 милиони активни корисници.

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, изјави дека повлекувањето на таа верзија е целосно завршено и дека се работи на нејзино подобрување. Тој на платформата X призна дека новата верзија била „премногу ласкава и досадна“.

Извор – bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.