Централна тема на овој собир беше иднината на AV1 кодекот и сè поголемото влијание на вештачката интелигенција (ВИ) врз стриминг индустријата. Главен говорник беше Јан Озер, еден од најценетите светски експерти за стриминг технологии, кој на присутните им даде длабок увид во напредокот и потенцијалот на AV1 кодекот.
United Cloud MeetUp
Во своето излагање, Озер го истакна значењето на имплементацијата на AV1 кодекот во наредните години, нагласувајќи ги клучните аспекти како што се квалитетот на видеото, можностите за репродукција и функционалностите што значително ќе влијаат на глобалната стриминг индустрија. Тој посвети посебно внимание на технологиите за транскодирање во живо и промените што може да се очекуваат во иднина, наведувајќи дека напредокот во овој сегмент може да донесе револуција во начинот на емитување видео содржини.
Експертите од United Cloud во регионот, Бобан Касаловиќ (виш менаџер за производи) и Немања Кривокапиќ (системски архитект), дополнително го збогатија настанот со свои увиди за иновациите што компанијата ги имплементира. Тие ги истакнаа предностите од развојот на сопствен систем за енкодирање, овозможувајќи побрза реакција на технолошките промени и персонализирани методи за оценување на квалитетот на видео записите во реално време.
„Голема чест ми е што сум дел од овој технолошко-експертски MeetUp во United Cloud. Иновативните решенија што ги видов овде, како и посветеноста на квалитетот на видеото, го поставуваат овој центар меѓу лидерите во стриминг индустријата,“ изјави Јан Озер, пофалувајќи ја примената на VMAF во реално време како особено значаен напредок.
Една од најинтересните теми беше улогата на ВИ во идниот развој на кодеците. Озер нагласи дека кодеците базирани на ВИ ќе овозможат декодирање што нема да биде ограничено со специфични хардверски решенија, како што се HEVC и AV1, благодарение на употребата на единици за невронска обработка (NPU). Исто така, се предвидува дека пазарот за видео комуникации и „видео-за-машини“ апликации значително ќе порасне бидејќи автоматските системи заземаат сè поважно место во секојдневниот живот.
Извор: United Cloud
Јан Озер за улогата на AV1 кодекот и ВИ технологијата во иднината на стриминг и видео индустријата
Озер истакна дека AV1 кодекот носи исклучителни предности во ефикасноста на компресијата и квалитетот на сликата, а притоа е бесплатен и без патентирани ограничувања. Според него, се очекува неговата имплементација значително да се зголеми во следните две години, со што ќе се подобри корисничкото искуство, особено во услови на послаб проток на Интернет.
„Стримингот неверојатно се прошири во последните неколку години. Порано, тој беше начин на гледање спорт или филмови, а потоа пандемијата отвори сосема нови пазари, како што се видео конференциите. Во наредните неколку години, мислам дека ќе видиме нови пазари. Еден од нив е „видео-за-машини“, каде автономните возила или машини ќе користат видео за својата функционалност,“ изјави Озер.
Исто така, Озер ја нагласи клучната улога на ВИ во развојот на нови кодеци, нагласувајќи дека кодеците базирани на ВИ ќе можат да декодираат видео содржини независно од специфичните хардверски решенија. Ова ќе овозможи пофлексибилен и поефикасен пренос, а истовремено ќе ги намали барањата за хардвер“, рече Озер.
Извор: United Cloud
Зборувајќи за иднината на индустријата, Озер ги издвои „видео-за машини“ апликациите како област со огромен потенцијал. Како што автоматизираните системи стануваат сè поприсутни, потребата за видео содржини што се користат помеѓу машините, како што се системите за надзор или автономните возила, значително ќе расте.
Озер смета дека еден од најголемите предизвици за индустријата е постигнување рамнотежа помеѓу квалитетот на стримингот и ефикасноста на ресурсите, особено со зголемениот број на корисници и апликации кои бараат висококвалитетна видео содржина. Прилагодувањето на новите технологии и кодеци, како што се решенијата базирани на вештачка интелигенција, ќе биде клучно за идниот успех.
„Соработувам со United Cloud веќе три или четири години. Нашиот прв проект беше поврзан со примена на напредни кодеци како HEVC и AV1, многу пред другите компании да почнат да размислуваат за тоа. За тоа време, тимот на United Cloud помина неколку од моите курсеви. Проектите што ги направивте се навистина импресивни. Имате сопствен систем за енкодирање, што ви дава предност во однос на компаниите што користат готови решенија. На овој начин можете брзо да напредувате во примената на нови технологии. Исто така, развивате свој плеер, со што квалитетот на видеото што корисниците го гледаат ќе биде на највисоко ниво. Метриките како VMAF, кои обично се користат за VOD, успеавте да ги имплементирате за видео во живо, што е извонредно. Сето тоа покажува колку е вашиот пристап иновативен и импресивен,“ рече Озер.
Тој особено ги истакна предностите на ВИ во приспособувањето на кодеците на различни мрежни услови, со што ќе се овозможи стриминг со висока резолуција дури и во ситуации со ограничена интернет врска. Оваа флексибилност ќе биде клучна за развојот на нови формати на стриминг, како и за популаризација на видео содржините во оддалечени или слабо поврзани подрачја.
Озер рече дека еден од најважните аспекти во идниот развој на стримингот ќе биде одржувањето на висок квалитет на видео содржините со истовремено намалување на трошоците. ВИ, машинското учење и иновациите во кодеците како AV1 и идните кодеци базирани на ВИ ќе ѝ овозможат на индустријата да држи чекор со растечките барања за квалитет и брзина на испорака на содржини.
Извор: Web-mind.rs