Станува збор за значителен раст, бидејќи во август компанијата соопшти дека бројот на корисници на ChatGPT на неделно ниво изнесува 200 милиони, пренесува порталот The Verge.
Според Алтман, корисниците од целиот свет испраќаат повеќе од една милијарда барања дневно до ChatGPT.
OpenAI размислува за воведување реклами во својот клучен производ ChatGPT со цел да обезбеди нови извори на приходи, во согласност со најавената реструктуризација на компанијата кон модел ориентиран кон профит, објави неодамна Financial Times.
Се очекува трошоците на OpenAI оваа година да ја надминат сумата од пет милијарди долари, додека приходите ќе изнесуваат околу четири милијарди долари.
Извор: Bizlife.rs