Новинарството на крстопат: Автентичност или автоматизација?

Улогата на новинарите во редакциите е клучна за нивното професионално функционирање, бидејќи тие го поставуваат тонот, контекстот и кредибилитетот на секоја информација. Линијата помеѓу АI-алатките и личниот печат во електронското новинарство се повлекува токму таму каде што човечкото искуство, етиката и препознатливиот стил стануваат незаменливи.

novinarstvo-4241-fi

Извор: Freepik/ Picasso AI

Веста за лансирањето на ChatGPT-5 можеби е најзначајна за медиумите и новинарската професија, затоа што носи нов инструмент кој го менува начинот на создавање, филтрирање и дистрибуција на содржини.

Каде завршува АI, а почнува човекот

Со текот на времето на сите им стана јасно дека традиционалниот пристап кон новинарството ќе исчезне. Не затоа што е застарен, туку затоа што информациите почнаа да се размножуваат со таква брзина што денес мораме да користиме филтри кои ќе ни ги издвојат кредибилните извори од сите останати, кои секојдневно растат во број. Веста за ChatGPT-5 е клучна, бидејќи овој алат носи нова динамика во креирањето, филтрирањето и споделувањето содржини.

AI-алатите во новинарството носат брзина, ефикасност и можност за анализа на огромни количини податоци во кратко време. Тие го олеснуваат транскрибирањето, преведувањето и пребарувањето извори, но не можат да ја заменат човечката креативност, критичкото размислување и одговорноста текстот да биде веродостоен, осмислен и точен.

Новинарот како последна линија за проверка

Најголемиот дел од работата во идното новинарство ќе остане токму на новинарот, во проверката и доработката на текстот. Тоа значи дека професијата ќе се врати кон калибар на луѓе кои не се само преносители на информации, туку длабоки познавачи на јазикот, општеството и контекстот. Новинарот мора да биде брз и вешт, писмен и прецизен, но и доволно образован за да препознае суптилни грешки. Вештачката интелигенција може да генерира содржина, но често греши во падежи, години или, што е поопасно, во функции и дејства. Токму тука започнува работата на човекот – да не се дозволи вакви пропусти да излезат во јавност. Кредибилитетот на медиумот зависи од човечкото око и чувството за детали. Без тоа, ризикуваме новинарството да стане површно и недоверливо, додека публиката бара проверено, смислено и автентично.

Каде ќе бидеме за две години?

Суштината на професијата нема да се промени: новинарот останува чувар на фактите, контекстот и одговорноста кон јавноста. Она што ќе се смени е механиката – автоматизацијата ќе ја преземе рутината (транскрипти, мониторинг, основна обработка на податоци). Вредност ќе има она што машината не може да го даде: оригинален увид, работа на терен, проверени извори и стил.

Во услови на недостиг на квалитетни кадри, професијата ќе расте на општествената скала: ќе се бараат брзи, писмени и прецизни луѓе кои знаат да проверуваат и уредуваат, а публиката сè појасно ќе го наградува она што е верификувано и смислено.

Извор: web-mind.rs

Професор по книжевност изгубен во одаите на економското, техничкото и информатичкото новинарство.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.