Amazon го најави крајот , дали AI ќе ве замени побрзо од што мислите?

Извршниот директор на Amazon, Енди Џеси, ги повика своите вработени да ја прифатат вештачката интелигенција (AI), предупредувајќи дека оваа технологија во наредните години ќе доведе до значително намалување на корпоративната работна сила. Во допис упатен до персоналот, тој ги сподели своите предвидувања и апелираше до вработените „да бидат љубопитни за AI“, пренесува BBC.

amazon-3816-fi

Извор: Printscreen: Youtube/Harvard Business Review

Овој технолошки гигант е најновата компанија што јавно ги соопштува своите планови за примена на вештачка интелигенција, среде зголемената загриженост дека токму оваа технологија би можела да доведе до масовно исчезнување на работни места ширум светот. Џеси изјави дека очекува AI да донесе „зголемена ефикасност“ што ќе ѝ овозможи на компанијата да ја намали својата корпоративна структура.

„Ќе ни бидат потребни помалку луѓе за извршување на некои од работните задачи што денес ги обавуваме, и повеќе луѓе кои ќе се фокусираат на сосема нови типови задачи“, напиша тој. „Тешко е прецизно да се предвиди каде сè ќе се случуваат овие промени, но во наредните неколку години очекуваме намалување на нашата вкупна корпоративна работна сила поради значајното зголемување на ефикасноста што AI ќе го донесе во целата компанија.“

Компаниите, особено оние од технолошкиот сектор, последниве години инвестираат огромни средства во развојот на вештачка интелигенција, поттикнати од брзиот технолошки напредок кој овозможи на чатботовите лесно да креираат код, слики и текст со минимални инструкции. Но, токму поради растот на способностите на овие алатки, сè почесто се јавуваат предупредувања од страна на индустриски лидери за загуба на работни места , особено оние на административно и почетно ниво.

Дарио Амодеи, извршен директор на AI-компанијата Anthropic, за новинскиот портал Axios изјави дека технологијата потенцијално би можела да елиминира половина од административните работни позиции на почетно ниво. Џефри Хинтон, пионер во развојот на вештачка интелигенција и долгогодишен истражувач во Google, познат и како „Кумот на AI“, во подкаст повторно ги потврди овие грижи.

До крајот на минатата година, Amazon вработуваше над 1,5 милиони луѓе ширум светот, при што најголемиот дел од персоналот е лоциран во САД, каде компанијата е втор најголем работодавач по Walmart.

Вештачка интелигенција во „секоја пора од Amazon“

Во својот допис, Џеси нагласи дека Amazon веќе користи вештачка интелигенција „во речиси секој агол од компанијата“ и дека очекува технологијата наскоро да преземе извршување на рутински задачи како што се купување и секојдневни операции. „Голем дел од овие агенти сè уште не се создадени, но да нема забуна, тие доаѓаат многу брзо“, напиша тој, додавајќи дека вработените кои навреме ќе се адаптираат на промените ќе бидат „добро позиционирани“ во компанијата.

Тој откри и дека веќе половина милион продавачи на платформите на Amazon користат AI-алатки за генерирање информации за своите производи, а и огласувачите активно ги усвојуваат ВИ-понудите на компанијата.

Извор – bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.