И покрај општиот пад на пазарот на класичните, првобитни модели на мобилни телефони, HMD го зголемува својот удел на пазарот две години по ред, повторно забележувајќи двоцифрен раст во 2024 година во споредба со 2023 година. Како што се повеќе луѓе се префрлаат на класични телефони, HMD ги охрабрува потрошувачите да ги променат своите навики и да одат офлајн барем еден ден во неделата – потег кој има за цел да се бори против дигиталниот замор, да ја намали прекумерната употреба на паметни телефони и да ги охрабри врските во реалниот живот.
Потрошувачите можат да бидат дел од оваа иницијатива со замена на својот паметен телефон со традиционален телефон, користење паметен телефон со овозможен режим за детоксикација или, доколку се подготвени за предизвикот, со целосно откажување од својот телефон секоја недела за да се одморат од технологијата и да развијат здрави навики кога станува збор за неговата употреба.
Класичните телефони како замена за паметните телефони
Иницијативата доаѓа во екот на растечката културна промена која започна во САД во 2023 година, особено кај генерацијата Z. Трендот на користење класични телефони се здоби со популарност, додека младите луѓе, кои себеси се нарекуваат „скринејџери“ (screenagers), почнаа да се залагаат за враќање на поедноставните уреди кои немаат можност за апликации кои го одвлекуваат вниманието. Хаштагот на TikTok #bringbackfliphones достигна неверојатни 61 милион прегледи, нагласувајќи ја растечката желба на луѓето да го намалат влијанието што го имаат модерните паметни телефони во современиот свет.
По овој раст на побарувачката, Human Mobile Devices повторно го засили интересот за пазарот на преклопни телефони со воведување на нова верзија на Nokia 2660 Flip во модерни, младешки бои – Pop Pink и Lush Green – во 2023 година. Новиот дизајн беше огромен успех на европскиот пазар, каде што по првичното лансирање брзо се распродаде. Всушност, продажбата на преклопни телефони порасна за 100% во фискалната 2022/2023 година, дуплирајќи се на глобално ниво за само една година.
Надоврзувајќи се на овој растечки тренд, телефонот Nokia 3210 предизвика голем интерес во Кина, каде што продажбата, благодарение на неговата универзална привлечност, е огромна меѓу различни возрасти на студенти и корисници на резервни телефони. Успехот на овие уреди укажува на обновен интерес за поедноставни телефони кои се практични за употреба. Исто така, во 2024 година, соработката помеѓу HMD и Mattel резултираше со лансирање на телефонот HMD BarbieTM – телефон на преклопување – кој речиси веднаш се распродаде и во САД и во Велика Британија.
Глобалниот потпретседател за дизајн на HMD, Раун Форсајт, изјави: „Технологијата напредува со неверојатно темпо, но желбата за едноставност и безвременски дизајн е посилна од кога било. Класичните телефони ги надминаа своите функционални основи и станаа модна изјава, особено кај генерацијата Z. Како што овој тренд добива на интензитет, класичните телефони стануваат дизајнерски икони – нивниот ретро-шик стил совршено ја спојува носталгијата со модерниот стил“.
Најпопуларниот телефон – HMD Barbie
Извор: HMD
Еден од најпопуларните телефони на HMD, кој може да ви овозможи одмор од вашиот паметен телефон, е телефонот HMD Barbie™ Flip, кој во неколку наврати беше распродаден во текот на 2024 година. Овој смел, розов уред доаѓа со две заменливи маски инспирирани од култниот стил на Barbie™, со цел да може да се менува изгледот на телефонот секој ден. Исто така да се додаде и свој личен допир со помош на кристали, налепници и лента со монистри која има привезоци како Малибу ролери и шик очила за сонце од 1959 година. Спакуван во кутија за накит Barbie™ x HMD, телефонот е еднакво забавен за отпакување, како и за користење. Со тематски позадини, икони и потсетници на екранот во стилот на Барби, како и со релаксирачки мелодии, овој телефон е вистинско стилско засолниште од дигиталниот свет.
Сржта на стратегијата на HMD е проектот „Подобар телефон“ (Better Phone Project), иницијатива започната во јули 2024 година, со цел заеднички да се создадат решенија за оние кои сакаат да постигнат поздрав однос со технологијата. Родителите, наставниците и владите бараат начини да ги ублажат негативните влијанија на технологијата, поради што Human Mobile Devices се посветени на создавање уреди кои поддржуваат поздрави дигитални навики.
Импресивните глобални перформанси на HMD на пазарот на мобилни телефони во 2024 дополнително ја потврдуваат желбата за поедноставен пристап кон поврзувањето. Севкупната категорија на класичните телефони на HMD, а не само телефоните што се преклопуваат, со двоцифрен раст, со милиони повеќе продадени уреди во споредба со 2023 година, пазарот на класични телефони повторно оживува за сите возрасни групи, бидејќи потрошувачите сé повеќе бараат функционални и стилски алтернативи за паметните телефони.
Иницијативата Shut the Phone Up Sunday започнува овој месец, а HMD ги охрабрува луѓето ширум светот да се исклучат, да се одморат од технологијата и да уживаат во придобивките од дигиталната детоксикација секоја недела во текот на 2025 година. Учесниците се поканети да го заменат својот паметен телефон со традиционален телефон или целосно да се исклучат за да поминат мирна недела посветена на грижата за себе и за својата благосостојба.
За да им помогне на луѓето да се одморат од своите паметни телефони, HMD соработуваше со Арне Матиасен, претприемач и сопственик на Dumbphone.dk (група која ги едуцира младите луѓе во Данска за придобивките од намалувањето на времето поминато на интернет), кој ги сподели своите пет најдобри совети за „Исклучи го телефонот“ оваа година:
Топ пет совети:
- Не одете офлајн сами. Обидете се да го направите тоа со некој друг, како на пример со вашето семејство или пријател/и. Многу е полесно да го направите првиот чекор кога сте опкружени со други кои го споделуваат истото искуство со вас.
- Не потпирајте се целосно на сопствената волја. Дури и при најсилната волја на светот, можете многу лесно да се вратите на старите навики. Намалете ги искушенијата на минимум, без разлика дали е тоа целосно да го оставите паметниот телефон и да го замените со традиционален, или пак со активирање на режимот за детоксикација да го ограничите пристапот до одредени апликации.
- Ако сте загрижени дека ќе пропуштите важни телефонски повици, вметнете ја вашата SIM картичка во класичен телефон кога сакате да одморите. На овој начин, можете да бидете сигурни дека сепак ќе можете да остварувате и примате повици без да ја нарушите вашата дигитална детоксикација.
- Прифатете дека на почетокот може да се чувствувате непријатно. Навикнати сме да ги потиснуваме тие чувства со бескрајно скролање низ социјалните мрежи, но непријатноста ќе помине и може да доживеете поинаква, помирна состојба на умот од претходно.
- Колку е посилен вашиот отпор кон идејата за дигитална детоксикација, толку повеќе ќе имате корист од тоа. Во современиот свет, станавме зависни од паметните телефони, но паузата е здрав начин за повторно поврзување со светот надвор од нашите екрани.
Арне Матисен изјави: „Дигиталната детоксикација може да биде одличен начин да научите нешто ново за себе. Само кога ќе треба да живеете без вашиот паметен телефон некое време, ќе ви стане јасно колку тој влијае на вас, а тоа сознание доаѓа само преку директно искуство“.
Извор: Odrzime.rs