За првпат серијата А интегрира „феноменална интелигенција“ (Awesome Intelligence), комбинирајќи ги најновите ВИ функции од Galaxy AI и трансформирајќи ја креативноста при мобилното искуство. Со напредни карактеристики кои ја зголемуваат издржливоста и долготрајноста, овие два нови уреди донесуваат подобрена безбедност и приватност, обезбедувајќи сигурно и долготрајно користење.
Уникатната и веќе позната, но сега и подобрена функција Пребарување со заокружување, го прави пребарувањето кај уредите Galaxy A56 5G и Galaxy A36 5G полесно и поинтуитивно. Оваа интелигентна функција сега препознава телефонски броеви, емаил адреси и URL-адреси, овозможувајќи брзо и лесно да ги извршите активностите со еден допир. Но, тука се и подобрените надградби кои ја прават оваа функција уште попрактична и поинтересна, како на пример, сега можете веднаш да откриете која песна свири од социјалните мрежи или во ваша непосредна близина, без да отварате други апликации или функции.
Извор: Samsung
Galaxy A56 5G и Galaxy A36 5G особено се извонредн за користење од страна на сите креатори на содржини, благодарение и на моќниот систем од камери со кои се создаваат блескави и врвни фотографии и видеа со бројни алатки за дополнително подобрување. Обата уреди располагаат со главна камера 50MP главна камера, селфи камера од 12МР и импресивна 10-bit HDR предна леќа за најдобри селфи фотографии, како и макро камера од 5 МР. Ултра-широката камера кај Galaxy A56 5G е од 12MP, додека кај Galaxy A36 5G од 8 МР.
Извор: Samsung
Камерата на Galaxy A56 5G се истакнува и со Nightography, која овозможува одлични фотографии и видео снимки при слаба осветленост. Функцијата Object Eraser помага да се избришат непосакуваните објекти од фотографиите, додека функцијата Best Face ќе создаде совршени групни фотографии, испорачувајќи ги најдобри изрази на лицата на фотографијата. Исто така, корисниците можат да создаваат персонализирани филтри кои го рефлектираат нивното расположение и стил.
Извор: Samsung
За Galaxy A36 5G е и идеалниот партнер за гејминг, друштвени мрежи и забава. Работи на осумјадрен процесор со 15 % поголема комора за пареа и батерија од 5.000 mAh, што ќе обезбеди играње или стримање на содржини без прекин и долготрајни перформанси.
Со долгогодишната поддршка за ажурирања (до 6 години за Android OS и One UI, како и 6 години безбедносни надградувања), Galaxy A56 5G и Galaxy A36 5G гарантираат дека вашето мобилно искуство ќе остане актуелно, ажурирано и безбедно. Исто така, новите 6.7-инчни FHD+ Super AMOLED екрани и стерео звучниците обезбедуваат имерзивно искуство при гледање и слушање.
А кога сме кај безбедноста на податоција кај Galaxy A56 5G и Galaxy A36 5G , Samsung Knox Vault обезбедува дополнителен слој на заштита за чувствителните податоци, овозможувајќи ви да имате вистинска доверба во своите уреди.
Извор: Samsung
Galaxy A56 5G и A36 5G се идеални избори за сите кои бараат интелигентни, креативни и безбедни уреди за секојдневно користење, со дополнителен фокус на издржливост и долгогодишна поддршка.