Galaxy S25: перформанси, камера и ВИ за неограничена забава

Во свет каде забавата и продуктивноста се неразделни, новата Galaxy S25 серија ги поставува новите стандарди за мултимедијално искуство.

S25-2980-fi

Извор: Samsung

Со врвниот Qualcomm Snapdragon® 8 Elite за Galaxy чип, уредите Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra обезбедуваат неверојатна брзина, моќ и енергетска ефикасност, овозможувајќи ви да ги освежите секојдневните предизвици и да се потопите во динамичниот свет на забавата.

S25-2980-ps1

Извор: Samsung

Интегрираните и унапредени Galaxy AI функции овој пат ви донесуваат уште подобар начин на интеракција со вашиот телефон. Со функциите Now Brief и Now Bar  Galaxy S25 уредите ви нудат интелигентна интеракција и автоматско оптимизирање на задачите. Функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) го прави пребарувањето брзо и интуитивно, додека Помош при пишување (Writing Assist) и Транскрипт на повик (Call Transcript) ги организираат вашите податоци без напор. Овие иновативни алатки ви овозможуваат да бидете секогаш чекор пред времето, ослободувајќи ви повеќе простор за креативност и забавни моменти.

S25-2980-ps2

Извор: Samsung

Освен тоа, камерите на Galaxy S25 серијата се направени да ве инспирираат да ја уловите секоја авантура на најдобар можен. Без разлика дали се работи за селфи сесија со пријатели, патувања или секојдневните моменти, напредните ВИ технологии како ProVisual Engine и Object-aware Engine автоматски ги оптимизираат фотографиите, обезбедувајќи неверојатна резолуција, живописни бои и детална обработка. Функциите како Spatio Temporal Filter и Audio Eraser ја гарантираат јасноста на снимките и видеата, претворајќи секоја приказна во уметничко дело што е совршено за споделување на социјалните мрежи. А доколку сакате уште поинтензивна забава, тогаш ВИ функциите од Portrait Studio ќе ве забавуваат креирајќи ги вашите портрети или од вашите пријатели во стил на comic, на 3D цртан филм, со водени бои или како скица.  

S25-2980-ps3

Извор: Samsung

Гејминг-фановите ќе бидат воодушевени

А ако сте пак фан на гејмингот и уживате во играње игрици, тогаш бидете сигурни дека серијата Galaxy S25 ќе ги задоволи вашите највисоки стандарди, нудејќи врвни перформанси во секоја игра. Повторно, најголемата заслуга е кај процесорот Snapdragon® 8 Gen 3 и интегрираната вештачка интелигенција Galaxy AI, кои му овозможуваат на уредот беспрекорно играње со брзо и стабилно процесирање на графика и анимации. Напредниот хардвер гарантира дека и најграфички интензивните игри ќе работат без забавувања или загуби на квалитет. Дополнително оптимизираните перформанси во реално време обезбедуваат максимално искуство без заостанувања и менаџирање на енергетската потрошувачка за долготрајно и интензивно играње.

S25-2980-ps4

Извор: Samsung

Со Galaxy S25 серијата, забавата и интелигенцијата се спојуваат во едно, создавајќи мобилно искуство кое е брзо, интуитивно и бескрајно креативно. Изберете го вашиот нов Galaxy S25, Galaxy S25+ или Galaxy S25 Ultra и бидете дел од иднината на мобилната технологија – достапни за нарачка веднаш или во малопродажните локации низ земјата.

S25-2980-ps5

Извор: Samsung

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.