Samsung Neo QLED и OLED телевизори со вештачка интелигенција за модерно живеење

Повеќекратниот број 1 бренд за телевизори и производител кој ги поставува стандардите во индустриите на своите производи – Samsung, внесе револуционерни функции кај своите нови модели кои ги лансираше оваа 2024 год., создавајќи ново, иновативно и извонредно искуство со гледањето за сите свои клиенти.

samsung-2041-fi

Извор: Samsung

Гледајте ги сите содржини во 8К резолуција со Neo QLED 8K QN900D

Можеби најспектакуларниот телевизор, кој привлече најмногу внимание меѓу новата 2024 линија на телевизори со вештачка интелигенција Samsung AI TV е моделот Neo QLED 8K QN900D, кого реномираната платформа Expert Review го препорача со максимални 5 звезди. Нарекувајќи го „маестро“ меѓу телевизорите, воедно за него рекоа дека е моќна централа подобрена со вештачка интелигенција која извлекува неверојатно ниво на детали без оглед на природната резолуција и беспрекорно зголемува сè под 8K, за да испорача фино изведени слики без какви било артефакти за поврзување или компресија.“

samsung-2041-ps1

Извор: Samsung

Neo QLED 8K QN900D е дефинитивно еден од најубавите кои ќе ги видите во севкупната понуда, кој се карактеризир со беспрекорниот Infinity Air Design подобрувајќи ја естетиката , но и функционалноста. Ултра тенкиот профил на екранот од само 12,9мм обезбедува врвно искуство при гледањето, додка „лебдечкиот изглед“ Floating Appearance е постигнат преку комбинацијата на речиси невидливата рамка и рефлектирачкиот држач кои создаваат беспрекорен и елегантен изглед.

samsung-2041-ps2

Извор: Samsung

Моделот Neo QLED 8K QN900D со процесорот NQ8 AI Gen3 дополнително ги поместува границите на квалитетот на сликата благодарение на напредните алгоритми со вештачка интелигенција кои го подобруваат секој пиксел во реално време, додека со 8K AI Upscaling Pro, омилените серии и филмови се трансформираат за да се доближат до 8K екран од фантастични 75 инчи, кои ќе ви овозможат да уживате во супериорно ниво на детали и јасност на сликата. Технологијата AI Motion Enhancer Pro ги прави сцените со брзо движење поглатки и појасни, додека пак Real Depth Enhancer Pro додава неверојатна длабочина на секоја слика. Создаден со технологија за антирефлексија, на овој телевизор никогаш нема да му пречат надворешните услови додека ја гледате вашата омилена содржина.

Со назнака Highly Recommended, светски-познатата тек-платформа Trusted Reviews особено ги истакна ВИ функциите и напиша: „Ефектот на вештачката интелигенција му овозможува на Samsung QN900D дури и да ги конвертира изворите на HD во вистински пријатни, чисти и јасни слики од 8K, и покрај тоа што треба да се справи со повеќе шум од различни извори, особено ако гледате силно компресиран дигитален пренос или видео пренос.“  

OLED телевизори за најдобра забава, филмови и гејминг!

samsung-2041-ps3

Извор: Samsung

Феноменалниот OLED телевизор S95D OLED TV 4K нуди исклучителна прецизност на боите, длабока црна боја и висок контраст, благодарение на неговата OLED технологија. Телевизорот има и мат финиш на екранот, што значително го намалува отсјајот и го прави идеален и за светли и за темни простории, пред сé благодарение на неверојатната OLED Glare Free функција која штити од отсјај и не дозволува надворешните извори на светлина да го одвлечат вниманието или да го нарушат приказот особено на црната боја. А што се однесува до другите бои, благодарение на ексертското калибрирње, добивате репродукија на бои веродостојна н оригиналната содржина до секоја најмала нијанса. За познатата платформа за технолошки иновации “Sound & Vision” овој телевизор е во категоријата на Top Picks, а дел од рецензијата звучи вака: „Оваа година Самсунг го подобри мапирањето на боите, користејќи ја технологијата на вештачка интелигенција за да анализира и да прикаже повеќе природни бои, особено во суптилностите на тонот на кожата“.

samsung-2041-ps4

Извор: Samsung

AI-Powered процесорот NQ4 AI Gen2 на Samsung автоматски ги прилагодува поставките за сликата врз основа на содржината, обезбедувајќи оптимални искуства за гледање, но и за играње игри, правејќи го S95D OLED TV 4K вистински избор за гејмерите. Функцијата Motion Xcelartor 144 Hz обезбедува врвна и непречена акција со чисти слики и молскавични брзини за VRR игрите до 4K144 Hz, а функцијата FreeSync Premium Pro нуди вистинско HDR гејминг искуство. Ова го потврдија и од медиумот Newsweek кои го сврстија Samsung S95D OLED TV 4K како Editor’s Choice, нагласувајќи дека „Овој OLED е совршен за филмови и е дел од епски гејминг сетап“.

samsung-2041-ps5

Извор: Samsung

Не само S95D OLED TV 4K, туку и другиот модел S90D OLED TV 4K  ја поседува функцијата 4K AI скалирање, технологија напојувана од 20 AI невронски мрежи која секоја содржина ќе ја трансформира во речиси 4К резолуција, со приказ на бои потврдени од Pantone.

Зошто Samsung телевизор?

Ако се прашувате зошто да одберете токму Samsung TV AI, одговорот е следиот: Затоа што е признаен како број 1 бренд на телевизори веќе 18 години по ред и шестократен добитник на CES награди за иновации. Покрај тоа, производителот веќе долго време успешно ја гради приказната за Samsung екосистемот во вашиот дом, олеснувајќи ви многу активности во секојдневието и овозможувајќи ви да уживате во благодетите на модерното живеење.

Благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран да ги следите поврзаните уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни, благодарение на компатибилноста со Matter. Дополнително, одржливоста и грижата за животната средина секогаш има особено важно место во приоритетите на Samsung и овој пат кажете им збогум на батериите за полнење на далечинскиот управувач SolarCell за вашиот Samsung телевизор и оставете го да се полни со дневна и сончева светлина.

Како и секогаш, безбедноста е на прво место со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го задржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно, за што Samsung го доби Сертификатот за општи критериуми (СС) за линијата телевизори за 2024 година.

Кој и да било телевизор со вештачка интелигенција од производителот Samsung да го одберете, ќе го направите вистинскиот избор, бидејќи истовремено се здобивате со врвно искуство за гледање овозможено од најнапредните cutting edge технологии засилени со вештачка интелигенција – токму како што налагаат високите стандарди на модерното живеење.   

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.