Samsung телефони на преклоп – иновација за мобилно искуство без граници

Телефоните на преклоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја дефинираат сегашноста на совршените преклопливи уреди и иднината на мобилната технологија, комбинирајќи елегантен дизајн со напредни функции кои ги задоволуваат и најспецифичните потребите на модерните корисници.

samsung-3703-fi

Извор: Samsung

Продуктивност, креативност и удобност во движење со Galaxy Z Fold6

Galaxy Z Fold6 ги дефинитивно постави новите стандарди за мобилна продуктивност. Кога ќе го отворите, главниот 7,6-инчен екран се претвора во идеален простор за работа и мултитаскинг, кој може да замени лаптоп или таблет. Без разлика дали сте на пат во движење или го немате својот лаптоп покрај вас, Galaxy Z Fold6 ви овозможува да работите и да креирате како професионалец. Galaxy AI ги оптимизира апликациите и задачите, овозможувајќи брзо пребарување и автоматско прилагодување на вашиот работен простор, додека новиот One UI 7 интерфејс го прави искуството поинтуитивно и персонализирано.

samsung-3703-ps1

Извор: Samsung

Со функцијата S Pen, креативците од различни индустрии можат да изразат свои идеи преку дигитално скицирање, пишување или едноставно да прават брзи белешки, и сето тоа на доволно голем екран. Повеќе од јасно е дека овој уред е број 1 за беспекорно гледачко искуство, на кој можете да ја гледате омилената серија, да читате книги, а гејминг перформансите ќе ве остават без зборови.  Samsung Knox обезбедува сигурност на вашите податоци, што го прави Galaxy Z Fold6 безбедна алатка за професионалци и креативци.

Galaxy Z Flip6: модерен дизајн и фотки од креативни агли

Galaxy Z Flip6 е дефиниција на компактноста и стилот. Со својот елегантен и модерен дизајн, телефонoт се преклопува за да понуди максимална преносливост и леснотија во носењето, без компромиси во перформансите. За разлика од традиционалните телефони, Z Flip6 овозможува фотографии и видеа од невозможни агли, благодарение на својот уникатен преклопен механизам.

samsung-3703-ps2

Извор: Samsung

Со новата FlexCam и Flex Window, можете да снимате и креирате содржини од различни позиции, па дури и да го поставите телефонот како статив за стабилни селфија и снимки. Камерата со 50 MP главен сензор и 12 MP ултра-широк сензор го прави Galaxy Z Flip6 идеален за сите кои сакаат да создадат висококвалитетни фотографии и видеа, дури и при слаба осветленост благодарение на Nightography. Со Galaxy AI, камерата автоматски ги оптимизира вашите фотографии за совршени резултати секој пат. Сигурноста на вашите податоци е осигурена преку Samsung Knox, а персонализираниот интерфејс со One UI 7 ви овозможува лесен и интуитивен пристап до сите функции.

samsung-3703-ps3

Извор: Samsung

Персонализирано и интуитивно искуство за сите корисници
Како и кај сите телефони од Galaxy серијата, и Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 нудат прилагодени функции и лесен пристап преку ажурираниот кориснички интерфејс One UI 7, што го прави користењето на овие уреди едноставно и персонализирано. Апликациите и корисничкиот интерфејс се прилагодуваат на вашите потреби, овозможувајќи ви да работите, комуницирате и креирате без пречки.

samsung-3703-ps4

За сите корисници кои сакаат да испробаат Galaxy телефон, Try Galaxy апликацијата е идеално решение, која овозможува симулација на Galaxy искуство без потреба од физички Galaxy уред. На овој начин, потенцијалните корисници можат да ја искусат моќта на One UI 7 и Galaxy екосистемот пред да се одлучат за купување.

Galaxy Z Flip6 и Galaxy Z Fold6 се многу повеќе од телефони – тие се уреди кои го редефинираат мобилното искуство. Било да станува збор за продуктивност, креативност, безбедност или моден тренд, овие телефони се идеален избор за секој модерен корисник.

Извор: s

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.