Пред 45 години се „роди“ ВОКМЕНОТ и засекогаш го промени начинот на кој слушаме музика

Во последно време музиката ја земаме здраво за готово, секој од нас има слушалки во ушите додека шета, трча, се вози со автобус или вози велосипед. А сето тоа го должиме на компанијата Sony која во 1979 година ја започна револуцијата. Тоа е годината кога Walkman првпат се појави во јавноста.

walkman-1677-fi

Извор: Freepik / rawpixel.com

Првиот Sony култен пренослив касетофон започна да се продава на 1 јули 1979 година и чинеше 150 долари.

Како настана сè?

Коосновачот на компанијата Sony Масару Ибука идејата ја добил неколку месеци порано кога побарал начин да слуша опера на уред кој е поедноставен за пренесување од постоечките касетофони TC-D5. Задачата паднала на дизајнерот на Sony Нориа Ога, кој направил прототип од касетофонот на Sony Pressman и тоа навреме за следниот лет на Ибука.

После разочарувачкиот прв месец на продажба, Вокмен стана еден од најуспешните брендови на Sony на сите времиња, менувајќи ги форматите низ годините од CD, Mini-Disc, MP3 и конечно, стриминг музика.

Продадени се 400 милиони Вокмени

Продадени се над 400 милиони преносливи музички плеери Вокмен. Sony во 2010 година ја повлече класичната линија на Вокмен и беше принуден да плати огромна оштета на оригиналниот  креатор на преносливиот касетофон, Андреас Павел. Но, тоа име живее и денес во форма на нови MP3 плеери и апликацијата Вокмен на Sony. Цутот на Вокмен можеби заврши, а децата денес се збунети и згрозени од непрактичноста на касетите. Но навиката што овој производ ја  приреди– слушање музика каде и кога сакате – е поголема од кога било.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.