Робот се самоуби: Се фрли по скали

Асистентот робот „вработен“ во Градскиот совет Гуми во Јужна Кореја „престанал да постои“ додека бил на работа, фрлајќи се по скали, соопштија градските власти.

robot-se-samoubi-1678-fi

Извор: Freepik / arminka19899

Инцидентот се случи минатата недела: роботот беше забележан како „се врти на своето место како нешто да не е во ред“ пред да падне два метри по скалите.

„Деловите од роботот се собрани и производителот ќе ги анализира“, изјави за AFP официјален претставник од градскиот совет.

Роботскиот асистент, произведен од старт-ап од Калифорнија, презеде административна улога минатиот август. Роботот имал своја официјална картичка и работел од 9 до 16 часот, пренесувајќи документи низ зградата, помагајќи им на посетителите.

Роботот знаел да повика лифтот

За разлика од другите роботи, кои обично можат да користат само еден кат, овој знаеше сам да го повика лифтот. Овој робот беше еден од првите што се користеше на овој начин во градот.

„Смртта“ на машината длабоко го растажи персоналот и во моментов не се размислува за усвојување на нов робот.

„Тој официјално беше дел од градското собрание, еден од нас. Работеше вредно“, рече еден функционер.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.