Huawei го редефинира стилот: Новите паметни уреди што ќе сакаш да ги носиш секој ден

Huawei ги откри своите најнови иновации на настанот Innovative Product Launch во Берлин, каде технологијата и модата се сретнаа во концептот „Fashion Next“. Брендот повторно покажа визија за иднината – каде паметните уреди се и стилски и функционални.

huawei-3580-fi

Извор: screenshot

Huawei Watch 5: Моќна технологија на дофат од прстите

Новиот Huawei Watch 5 го редефинира искуството со паметен часовник. Благодарение на надградениот TruSense систем и револуционерната X-TAP мултисензорска технологија, доволно е да го поставиш прстот и часовникот ќе ги измери твоите здравствени параметри – брзо, прецизно и детално.

Достапен во две нови елегантни бои, виолетова и златна во песочен тон – Watch 5 доаѓа во две големини (46мм и 42мм), со титаниумско куќиште и сафирно стакло кое е веднаш зад дијамантот по издржливост. Новите двојни гестови „двојно лизгање“ и „двоен допир“ ја прават интеракцијата уште полесна и попаметна.

Watch Fit 4 Pro: Спој на технологија и естетика

Watch Fit 4 Pro е тенок само 9.3мм, но моќен во сè што прави. Изработен од сафирно стакло, алуминиум од авио класа и титаниумски раб, овој часовникот изгледа премиум и се чувствува лесно на раката. Подготвен е за водени спортови, има сензор за притисок на воздух за прецизност во природа, и напредни режими како планинско трчање, нуркање до 40м и дури и професионален голф.

TruSense системот тука овозможува интелигентно следење на здравјето и кондицијата – сè во еден уред што совршено се вклопува во твоето секојдневие.

Huawei FreeBuds 6: Чист звук, стилска форма

Новите FreeBuds 6 безжични слушалки ја носат удобноста на следно ниво. Со моќни двојни звучници, нудат длабок бас и кристално јасни високи тонови. Дизајнирани во форма на капка, тие изгледаат модерно, удобно стојат и нудат врвна аудио-перформанса.

MatePad Pro 12.2: Кога таблетот станува работна машина

Huawei MatePad Pro доаѓа со Tandem OLED PaperMatte екран од 12.2 инчи – светол, анти-рефлективен и совршен за долготрајна работа. Со Huawei Glide тастатурата, имаш чувство како да работиш на лаптоп, а Huawei Notes апликацијата добива нови функции за уште поголема продуктивност.

Huawei на врвот – и не застанува

Според IDC, Huawei е бренд број 1 по раст на испорака на носливи уреди во 2024 година. Шеста година по ред, тие се лидери на кинескиот пазар. Со новата генерација уреди, Huawei поставува нови стандарди за модерен, здрав и паметен начин на живот.

Извор: webmind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.