AI мозок во футуристичко тело
Bespoke Jet AI е првата бежична правосмукалка со вграден AI интелект од Samsung. Што значи тоа во пракса? Таа внимателно анализира што чистите, под, тепих, прашина, влакна и автоматски ја прилагодува својата моќ на вшмукување за да обезбеди оптимални резултати со минимален напор и максимална ефикасност. Со до 280W моќ на вшмукување и новата HexaJet мотор технологија, ова е најсилната, но и најпаметната правосмукалка досега од Samsung. Со батерија од 4500 mAh, овозможува до 100 минути работа со едно полнење. Чистата станица “Сè-во-едно” (All-in-One) автоматски го празни резервоарот со технологијата Air Pulse, додека Air Spin Edge ги отстранува дури и најситните честички нечистотија. Bespoke Jet AI е опремена со разни додатоци, вклучувајќи четка за миленици, ротирачки чистач и LED четка за прецизно чистење. Со поддршка за SmartThings и Wi-Fi конекција, корисниците можат да ја контролираат и прилагодуваат правосмукалката директно преку апликација за максимална удобност.
Чистење без контакт
Со All-in-One Clean Station™, Bespoke Jet AI не само што автоматски се празни, туку и ја филтрира прашината во затворен систем без да се рашири назад во просторот. Што значи? Нема повеќе облаци прашина, нема повеќе контакт со нечистотија. Сè се случува тивко, чисто и беспрекорно.
Оваа правосмукалка не мора да се крие. Напротив, Bespoke Jet AI е дизајнирана да биде дел од вашиот ентериер. Благодарение на елегантниот, минималистички дизајн и Bespoke концептот, таа се вклопува совршено во модерен дом без компромиси помеѓу форма и функција.
Тивка, лесна и секогаш подготвена
Со батерија што трае до 100 минути, интуитивен LED дисплеј, супер лесна конструкција и додатоци кои ви овозможуваат да чистите буквално секаде, од агли до тавани, Bespoke Jet AI е тука да ви ја олесни секоја секунда од вашето секојдневие. А кога ќе завршите? Само ја враќате на станицата – и сè е под контрола.
Запознајте ја и Bespoke Jet Complete
Замислете уред кој не само што го прави вашиот дом беспрекорно чист, туку и изгледа како да е излезен од дизајнерско студио. Тоа не е фантазија, тоа е Samsung Bespoke Jet Complete, совршената комбинација на моќ, естетика и технологија.
Во ерата на паметни домови, Bespoke Jet Complete е повеќе од правосмукалка – таа е ваш сојузник во одржување на совршен ред, без многу напор. Со моќен HexaJet мотор и до 210W моќ на вшмукување, и најмалите честички во просторијата исчезнуваат.
Дизајн што се вклопува, технологија што доминира
Името Bespoke не е случајно. Оваа правосмукалка доаѓа со елегантен и модерен изглед, создаден за да се вклопи во ентериерот а не да се крие. Благодарение на All-in-One Clean Station™, празнењето на садот за прашина е хигиенски и бесконтактно. Само ја поставувате и таа автоматски се чисти.
Комплетна контрола. Комплетно искуство
Bespoke Jet Complete доаѓа со интуитивен LED дисплеј, паметна контрола и комплетен сет додатоци кои ја прават погодна за сите површини – од дрво и тепих, до тешко достапни агли и завеси. Ултра лесна, лесно се ракува, а батеријата трае до 60 минути, што значи дека ќе завршите со чистење додека трепнете.
За оние што сакаат сè – и стил и чистота
Оваа правосмукалка не само што ќе го исчисти вашиот дом – таа ќе го подигне и нивото на вашиот животниот стил. Идеална за модерни семејства, урбани живеалишта и сите кои сакаат уреди што изгледаат исто толку добро колку што и функционираат.
Фантастична промотивна понуда е во тек!
Пролетта е тука, сонцето и убавото време просто ве мами да излезете а вие имате обврски кои чекаат на вас. Затоа сега е идеално време да си го дозволите најдоброто за вашиот дом! За селектирани модели на Bespoke Jet правосмукалки имате можност да ги вратите по 100 денови од купувањето. Благодарение на промоцијата Try&Buy на Samsung, која трае до 27.04.2025, ќе имате доволно време да се уверите зошто овие одбрани модели на правосмукалки се вистинскиот избор за вас. Повеќе детали можете да прочитате тука.
Извор: Samsung