Кога Сатја Надела ќе излезе со бројка од 17,5 милијарди долари, јасно е дека не станува збор за уште еден data центар повеќе. Microsoft во Индија ја гради ’рбетната структура за „AI-first“ иднината на државата: нови hyperscale региони во Хајдерабад, проширување на постојните центри во други градови и инфраструктура што треба да го издржи растечкиот обем на употреба на генеративна вештачка интелигенција во јавниот и приватниот сектор.
AI како јавна инфраструктура
Индија изминатата деценија изгради силна дигитална јавна инфраструктура – од дигитален идентитет до системи за безготовинско плаќање. Следниот логичен чекор е AI јавна инфраструктура, а Microsoft сака да биде клучниот технолошки партнер. Во соработка со државата, компанијата воведува напредни AI функции во платформите што се занимаваат со вработување и работни права, особено во неформалниот сектор. Тоа значи подобро усогласување на работници и работодавци, автоматско генерирање биографии и достапни понуди, но и побрза комуникација помеѓу граѓаните и институциите.
Суверенитет на податоците како услов за голем бизнис
Индија поставува сè построги правила за заштита и локализација на податоци. „Суверениот cloud“ повеќе не е маркетиншки израз, туку влезница за сериозни договори со државата, банките и здравствениот систем. Затоа Microsoft развива решенија во кои податоците се процесираат и чуваат исклучиво во рамки на земјата, со дополнителни слоеви контрола и усогласеност со локалната регулатива. Државата добива поголема контрола врз сопствените податоци, а Microsoft добива репутација на сигурен партнер кому регулативата му е подеднакво важна како и технологијата.
Борба за таленти и предност во однос на конкуренцијата
Microsoft во Индија веќе вработува десетици илјади луѓе, но плановите одат многу подалеку – целта е до 2030 година околу 20 милиони луѓе да бидат обучени во AI области. Со тоа, компанијата не гради само свој кадар, туку влијае цела генерација развивачи, менаџери и претприемачи да расте во рамки на нејзиниот екосистем алатки и сервиси, пишува Yahoo Finance.
Истовремено, оваа инвестиција е и одговор на големите планови на конкурентите, кои исто така ја гледаат Индија како клучен пазар за AI и cloud. Во таква трка, 17,5 милијарди долари не се гест на добра волја, туку минимална цена за останување во игра на едно од најважните пазари на иднината.
Извор: web-mind.rs