Здрави избори кои треба да ги направите во 30-тите од превентивни причини

Триесеттите се фаза на свесно созревање во која здравјето почнува да бара доследност. Време е да престанете да се ослонувате на повремени корекции и санирање на последиците. Секојдневните здрави избори во овој животен период претставуваат зацврствување на темелите за иднината.

zdravi-izbori-5295-fi

Извор: Freepik

Навики усвоени во овој животен циклус стануваат темел за хормонална рамнотежа, метаболичка стабилност, ментална отпорност и долгорочно чувство на виталност. Превентивата во триесеттите вклучува разбирање дека грижа за телото, нервниот систем и емоциите денес значи слобода и сила утре.

Ова е момент кога здравјето повеќе не се подразбира, но уште не е загрозено. Затоа, е идеален за поставување цврсти, одржливи темели на благосостојба кои ќе траат децении.

Здрави избори во 30-тите за долгорочна превенција

Пронајдете тренинг во кој навистина уживате

Вежбањето го подобрува вашето расположение, ви помага да спиете подобро, ја одржува вашата кондиција и линија. Сепак, ако не ви се допаѓа, помалку е веројатно дека ќе го практикувате. Ако не ги сакате пешачењето или теретаната, ќе се борите со расположението, а вежбањето ќе биде стресно. Здравите избори се секогаш холистички. Изберете, така, она што ви е пријатно и во што уживате.

Здрави избори пијте повеќе вода

Хидратацијата е неопходна за сите процеси во организмот. Освен тоа, може да ви помогне да изгубите на тежина, да спречите главоболки и да го подобрите расположението. За да стекнете навика, внесувајте повеќе вода, имајте секогаш при рака шише со вода.

Престанете со пушење

Пушењето сериозно ги зголемува шансите за коронарни болести и рак. Истражувањата покажуваат дека жените кои ќе престанат да пушат пред да наполнат 40 години живеат барем 10 години подолго од оние што продолжуваат да пушат.

Здрави избори кои се однесуваат на движењето

Седечкиот начин на живот ја зголемува веројатноста за дебелина, срцеви болести и дијабетес. Понатаму, ова важи без разлика дали редовно вежбате или не. Значи, движењето не значи само редовно вежбање, доколку останатиот дел од времето седите. Воведете почесто секојдневно движење направете кратки паузи за да станете од столот и малку „размрдајте“ се. Секој потег се брои и помага за одржување на резултатите од вежбањето и генералното здравје.

Пронајдете најдобра контрацепција за себе

Пилулите не се решение за секоја жена, како и спиралата и другите форми на контрацепција. Пронајдете она што функционира за вас, во смисла на удобност, сигурност и намалување на шансите за непланирана бременост.

Здрави избори на прифаќање на себе

Во триесеттите години сте на врвот на сила и самопочит. Време е помалку да се поправате, а повеќе да се сакате и чувате, такви какви што сте. Не сте воодушевени од секој аспект на вашата личност и вашето тело? Никој не е. Но ценете ги повеќе вашите добри и привлечни карактеристики и ќе бидете посреќни и задоволни.

Не запоставувајте пријателства

Грижата за блиски односи е дел од целокупниот здрав начин на живот, што го потврдуваат истражувањата за долговечност. Блиската размена ослободува од стрес, ги исполнува емоционалните потреби и ги поттикнува хормоните на среќа. Дури и кога сте многу зафатени, закажете време за дружење и почитувајте го, како и другите обврски во вашиот календар.

Здрави избори во исхраната

Поскори истражувања покажуваат дека ако уживате во храната што ја јадете, многу полесно ќе се придржувате кон здрав план на исхрана. Тоа важи, без разлика дали е изборот на храна за намалување на тежината или општата благосостојба. Затоа, почнете почесто да готвите.

Одберете лекар во кого имате доверба

Ако вашиот избран лекар не ви одговара (иако ви го препорачале пријателки), одберете друг. Кога му верувате на вашиот лекар, поголема е веројатноста дека ќе му ги дадете точните информации, ќе ги слушате неговите предлози и ќе одите на редовни контроли.

zdravi-izbori-5295-ps1

Извор: lummi.ai

Откријте ја здравствената историја на вашето семејство

Членовите на вашето семејство можат да бидат воздржани и да не сакаат да зборуваат за здравствени проблеми. Но, фамилијарната анамнеза е важна за вашето здравје. Не е сеедно дали во семејството има срцеви заболувања, дијабетес или ментални проблеми. Колку повеќе знаете за здравствената историја на вашето семејство, толку подобро ќе можете да се фокусирате на превенција.

Здрави избори за свесност

Постојат моменти кога сите сакаме да се исклучиме. Но, свесноста е поврзана со пониско ниво на стрес и други позитивни споредни ефекти. Најважна е за долгорочно когнитивно здравје.

Имајте повеќе секс

Редовниот и задоволителен сексуален живот е корисен на многу начини. Затоа, имајте повеќе секс, не се плашете да ги изразувате своите желби и да го истражувате своето тело. Оргазмите се добри за вашето целовкупно здравје и благосостојба.

Водете сметка за своето ментално здравје

Пратете се и не ги игнорирајте моментите на преоптеретеност. Практикувајте сè што ви помага да останете приземни и да воспоставите внатрешен мир. Медитација, техники на дишење, престој во природа, спорт и хоби. А ако се соочувате со анксиозност или депресија, или било какви психолошки проблеми, побарајте помош. Одењето на терапија е исто така одличен начин да го поттикнете својот личен развој.

Одговорете на екстремни диети

Стручњаците велат дека максималната количина која можете безбедно да ја изгубите во една недела е еден или два килограма. Тоа значи намалена исхрана во комбинација со вежбање и внесување на околу 1500 калории дневно. Сè што е поекстремно од тоа може да создаде дефицит на потребни хранливи материи. Ако телото премине во режим на глад, тоа може да доведе до јо-јо ефект.

Здрави избори кога ќе се разболите

Во сезоната на грип, одлучете се за вакцина против грип. Тоа е одговорен избор не само за вашето, туку и за здравјето на другите во вашата околина. Истовремено, ако се разболите, земете боледување и останете дома. Одморете се и лекувајте се како што треба, за да не пренесете на други.

Редовно излегувајте на воздух

Жените кои поминуваат повеќе време во природата се посреќни, поздрави и покреативни, покажуваат истражувањата. Одете редовно на прошетки, правете излети во природа, приклучете се на групи за планинарење. Овие здрави избори на отворено го збогатуваат вашето искуство, го намалуваат стресот и ја подобруваат кондицијата.

Исклучете се од мрежите

Многу студии укажуваат дека премногу време поминато на дигитални уреди може да го наруши сонот. Исто така, се поврзува зголемена употреба на мобилни телефони со поголем стрес и физички проблеми. Затоа исклучете се кога можете!

Здрави избори за редовен сон

Во триесеттите сè уште можете да се изборите со заморот по непроспана ноќ, но веќе забележувате дека тоа ви оди потешко отколку во дваесеттите. Недостатокот на сон не само што ве исцрпува, туку може да има и здравствени последици. Обезбедете си 7 до 8 часа сон секоја ноќ за да функционирате оптимално.

Користете крема за сончање

Во последно време, употребата на крема со заштитен фактор се смета за задолжителна за секој ден. Кремата за сончање помага да се спречи рак на кожа, штитeјќи ве од штетни УВ зраци. Исто така, редовната употреба на крема за сончање помага во спречување на прерани брчки и пеги на лицето од сонце.

Здрави избори за лекување – избегнувајте антибиотици

Антибиотиците станаа главен лек, по кој се посега често, веднаш штом се настине. Но, тие, всушност, нема да ви помогнат, ако имате обичен грип. Земате антибиотик само кога ви е потребен, за да не создадете резистенција.

Извор: easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.