Токио падна од тронот – повеќе не е најнаселениот град во светот

Токио повеќе не е најнаселениот град во светот – според најновите податоци на Обединетите нации, на врвот сега се Џакарта и Дака.

tokio-4894-fi

Извор: odrzime.rs

Џакарта го презема првото место со речиси 42 милиони жители, додека главниот град на Бангладеш, Дака, со околу 37 милиони, се смета за втор најнаселен град во светот.

Проекциите покажуваат дека Дака до 2050 година ќе порасне на 52,1 милион жители, што е само малку помалку од очекуваната популација на Џакарта во истиот период.

Токио, кој денес има 33,4 милиони жители, падна на третото место и според прогнозите ќе се спушти на седмото до 2050 година, престигнат од градови како Шангај и Њу Делхи.

Извештајот истакнува дека бројот на мегаградови – урбани центри со повеќе од 10 милиони жители се зголемил од осум во 1975 година на 33 во 2025 година, при што најголемиот дел се наоѓаат во Азија.

Европа и понатаму ќе има ограничен број мегаградови, како што се Лондон, Истанбул и Москва кои остануваат единствените градови на континентот што го исполнуваат овој критериум.

Според прогнозите, Лондон ќе порасне за речиси 1,5 милион жители до 2050 година, со што ќе ја задржи титулата на 33. најголем град во светот.

Другите градови во Обединетото Кралство, како Кардиф и Инвернес, ќе останат далеку помали.

Извештајот на ООН дополнително посочува дека и покрај растот на мегаградовите, 96% од градовите во светот сè уште имаат помалку од еден милион жители, а најголемиот дел, дури 81% имаат помалку од 250.000 жители.

Извор: odrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.