Aprés-ski во јануари, Sangria во август: Како да ги „извозиш“ двете сезони без банкрот?

Јануари е чуден месец. Половина од нас скролаат видеа од заснежени падини во Маврово, Копаоник или Алпите, ментално веќе облечени во најновата ski-tech јакна. Другата половина (потајно) веќе гугла „Villas near beach“.

diners-5208-fi

Извор: Webmind редакција

И додека Instagram feed-от ти е полн со луѓе што наздравуваат со варено вино на снегот, реалноста удира во паричникот: скијањето е скап спорт. Опрема, ски-пас, сместување, пат… математиката брзо станува ладна како јануарскиот ветер.

Но, еве го „плот твистот“ што малкумина го знаат, а финансиски писмените веќе го користат: Сега е моментот кога се купува летото.

Да, добро прочита. Додека ти ги остриш кантовите на скиите, паметните планери веќе ги резервираат најубавите вили на прв крак. Некои агенции веќе имаат распродадено скоро 30% од капацитетите за летните дестинации.

Прашањето е: Како да си дозволиш и зимска идила сега, и летен луксуз потоа, без да ја „изгориш“ сметката? Тајната е во стратешкиот тајминг.

1. Скијање: Инвестиција, а не трошок (ако играш паметно)

Скијањето одамна не е само спорт, тоа е lifestyle. Но, да не се лажеме – да се опремиш од глава до пети чини колку еден половен автомобил. Тука важи правилото: Cost Per Wear (Цена по носење).

  • Не купувај сè одеднаш: Ако си почетник, изнајми скии. Купи само добри чизми (бидејќи комфорот е сè).
  • Квалитет > Квантитет: Подобро една врвна јакна што ќе ја носиш 5 сезони и ќе те штити на -20 степени, отколку три евтини, ама во моментот модерни, во кои ќе се потиш и мрзнеш.
  • Финансиски хак: Тука влегува Diners Club. Опремата е голема ставка. Наместо да го „исцедиш“ целиот јануарски буџет, купи ја опремата на рати. Така, трошокот станува месечна „претплата за уживање“, а не шок за сметката.

2. Early Booking: Зошто сега?

Можеби звучи апсурдно да плаќаш за плажа додека носиш шал, но бројките не лажат. Early Booking попустите во моментов се движат од 20% до 40%. Што значи тоа во превод? Апартман кој во август чини 1.000 евра, денес можеш да го резервираш за 700. Тие 300 евра разлика? Тоа ти е ски-пасот за викендов.

Плус, не е само за парите. Се работи за изборот. Сега бираш каде сакаш да одиш. Во мај, ќе бираш што останало (читај: поскапо, а полошо). Најдобрите места секогаш одат први кај оние што имаат план.

3. Како да ги платиш и двете во ист месец?

Еве ја дилемата: Сакаш на скијање сега, а треба да уплатиш депозит за лето исто така сега. Просечниот потрошувач би рекол: „Немам пари за двете, за летен одмор ќе мислам во мај“. Финансиски писмениот потрошувач вели: „Ќе го менаџирам готовинскиот тек (cash flow)“.

  • Стратегија: Користи ја кредитната картичка како алатка за премостување, не за задолжување.
  • Уплати го депозитот за лето со Diners (често агенциите нудат и ова да оди на рати). Така ја „заклучуваш“ ниската цена.
  • Тековниот прилив (плата) користи го за викенд-трошоците на планина (храна, пат, ски-пас).

Може сѐ, само кога знаеш што правиш

Да се биде финансиски писмен не значи да седиш дома и да штедиш пари во перница. Значи да знаеш како да го добиеш максимумот од своите пари. Вистинскиот луксуз е мирот во главата. Мирот кога знаеш дека додека се спушташ по падините на Копаоник, твојата лежалка во Шпанија веќе те чека и тоа по цена која ќе ги направи сите други љубоморни во август.

Затоа, спакувај ги скиите, но не заборавај да го букираш и сонцето. Зимата е за акција, летото е за хедонизам, а паметното планирање е… па, за секогаш.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.