Слично е и со животното осигурување. Една полиса може да служи првенствено за финансиска заштита на семејството, друга да помогне во создавањето заштеда за во иднина, а трета да биде поврзана со инвестирање. Разликата е важна бидејќи од тоа зависи што и колку плаќаме и што добиваме.
Ризико-осигурување: заштита ако се случи најлошото
Кога ќе замислиме едно семејство, свесни сме дека тоа не е само заеднички дом и секојдневни обврски. Тоа се и плановите за иднината, грижата за најблиските и сигурноста дека дури и кога животот ќе донесе неочекуван пресврт, тие ќе имаат финансиска поддршка.
Ризико осигурувањето на живот служи токму за вакви ситуации. Ако во периодот додека важи полисата се случи настанот наведен во договорот, на корисникот му се исплаќа договорената осигурена сума. Таа може да помогне семејството полесно да ги надмине финансиските последици од загубата на својот близок и да продолжи со секојдневниот живот.
Ако пак осигурувањето се прилагоди на индивидуалните потреби, на пример со флексибилен период и начин на плаќање на премијата и со дополнителни осигурувања, како покритие за тешки болести и повреди или за последици од несреќен случај, може да се обезбеди уште поголема заштита.
Зошто е важно да размислуваме за ваква заштита? Затоа што финансиската сигурност не се гради само со тоа колку заработуваме и штедиме, туку и со тоа колку сме подготвени за неочекуваните ситуации. Ризико осигурувањето не може да ја промени тешката животна околност, но може да обезбеди финансиска поддршка во момент кога таа е најпотребна.
Штедно животно осигурување: заштита и планирање за подолг рок
Да земеме друг пример. Родители сакаат по 15 години да имаат средства за студирањето на своето дете. Можат секој месец самостојно да оставаат пари настрана, но сите знаеме колку лесно тие пари се трошат кога ќе се расипе автомобилот или ќе се појави некој непланиран трошок. Дополнително и инфлацијата им ја намалува вредноста.
Штедното животно осигурување е начин нивната цел да добие план и дисциплина, но и дополнителна заштита. Наместо само класично штедење со издвојување пари за иднината, со полисата се комбинираат штедењето и животното осигурување. Во текот на договорениот период се издвојуваат средства како заштеда, а истовремено постои и осигурителна заштита.
Ова значи дека не ги чувате парите само „за некој ден“, туку однапред одредувате кога и за што сакате да ги искористите. А кога ќе истече договорениот период, имате право на исплата на загарантирана сума, која во зависност од договорот и условите, може да биде и зголемена со остварена добивка.
Ако во текот на осигурувањето се случи нешто неочекувано, знаете дека вашето дете ќе има заштита. А ако сè оди по планот, ќе добие силен старт за неговиот сон да стане повеќе од реалност.
Инвестициско животно осигурување: заштита со можност за раст
А, што доколку сакате покрај финансиска заштита со издвоените средства за осигурителна полиса да обезбедите и дополнителен принос? Тогаш може да изберете решение кое ги поврзува животното осигурување и инвестирањето.
Инвестициското осигурување на живот е токму таков производ. Полисата обезбедува финансиска заштита за семејството на осигуреникот во случај на несакан настан, а истовремено овозможува дел од средствата да се инвестираат во инвестициски фондови. На тој начин постои и можност за остварување принос од вложените средства.
Токму ова ја прави полисата интересна за оние кои не сакаат да избираат меѓу заштита и потенцијал за принос. Едно решение може да ги обедини двете потреби. Сепак, како и кај секоја инвестиција, важно е пред склучување на полисата добро да се запознаеме со условите, начинот на инвестирање, трошоците, ризиците и карактеристиките на конкретните инвестициски фондови.Во понудата на Триглав Осигурување Живот се достапни полиси за животно осигурување со ризико, штедна и инвестициска компонентна. Кога бирате еден од нив, запознајте се со сите услови затоа што на тој начин ќе ја изберете полисата која вам најмногу ви одговара.
Како да избереме?
Прво треба сами на себе да си одговориме на прашањето: Што сакаме да постигнеме?
Потоа да седнеме со стручен советник и да направиме план како да ја постигнеме таа цел.
Ако сакаме класична финансиска заштита за семејството, појдовна точка е ризико осигурувањето. Ако сакаме заштита и однапред планирана исплата по одреден број години, треба да разгледаме штедно осигурување. Ако сакаме да имаме и инвестициско решение со цел остварување повисок принос, можеме да размислиме за инвестициско осигурување.
Што точно е покриено?
Колку ќе плаќаме и колкави се сите трошоци?
Што добиваме ако договорот заврши редовно, а што ако го прекинеме порано?
Ова се само дел од прашањата што советниците на Триглав Осигурување Живот ги дискутираат со клиентите секојдневно за да им го понудат најдоброто. Добрата полиса е онаа што ја разбираме и што одговара на нашиот живот, буџет и планови.
Извор: Webmind Редакција