Една порака води до друга, па следуваат повици, мејлови, состаноци, навигација низ градот и уште неколку работи што „мора да се завршат денес“. До пладне, телефонот веќе бил и календар, и навигација, и камера, и средство за комуникација, за видео повици а денот сè уште не е ни на половина.
Попладнето носи уште обврски, уште неколку часа надвор од дома и добро познатото проверување на процентот на батеријата. Токму за ваквите денови е создадена новата REDMI Note 17 серија, со идеја телефонот да го следи темпото на корисникот, наместо корисникот постојано да размислува дека бргу ќе биде потребен полнач.
Во центарот на новата серија стојат две карактристики на уредите, особено важни во секојдневната употреба: долготрајната батерија и издржливоста.
Кај REDMI Note 17 Pro Max 5G, батеријата достигнува 9.210 mAh, со поддршка за 100W HyperCharge, обезбедувајќи до три дена користење со едно полнење. Тоа значи дека полначот нема да ви биде често на ум, а сепак ќе имате повеќе слобода за работа, навигација, фотографирање, гледање видеа и сè она што го правиме со телефонот во текот на денот.
Извор: Xiaomi
И REDMI Note 17 Pro 5G ја следи истата филозофија на долга автономија. Со 8.340 mAh силициум-јаглеродна батерија и 67W HyperCharge, моделот нуди повеќе од два дена траење на батеријата, што го прави подготвен и за оние денови кога обврските продолжуваат долго откако работното време формално завршило.
Но големата батерија е само еден дел од приказната. И двата Pro 5G модели се создадени да одговорат и на реалните ситуации во кои секојдневно се наоѓа телефонот. Тие доаѓаат со IP66/IP68 отпорност на прашина и вода и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, а нивната конструкција е сертифицирана за отпорност при пад од висина до три метри. Тоа е дел од концептот REDMI Titan Quality – пристап со кој фокусот е ставен не само на тоа телефонот да изгледа добро и модерно, туку да биде создаден за реалниот живот и долгорочна употреба.
И токму тука процентот на батеријата добива многу пореално значење. Кога денот ќе се продолжи со состанок по работа, вечера со пријателите или непланирано патување, идејата е телефонот едноставно да продолжи со вас. Без постојано проверување на батеријата, без намалување на осветленоста за да се „заштедат уште неколку проценти“ и без добро познатото прашање „Имаш ли полнач?“. Но, и тоа не е сé: Благодарение на реверзибилното полнење, телефонот може да послужи и како пренослив извор на енергија за други компатибилни уреди.
Бидејќи телефонот одамна не е само уред за повици. Тој е дел од начинот на кој живееме, работиме, се движиме, комуницираме и ги зачувуваме моментите во текот на денот.
Затоа денес прашањето не е само што сè може да направи еден смартфон. Туку, дали може да го издржи денот што го живееме?
Продажбата на новите REDMI Note 17 Pro Max 5GиREDMI Note 17 Pro 5Gво Македонија е веќе започната, и во тек е фантастична промотивна понуда со која доколку се одлучите за еден од овие два нови смартфони, извршете регистрација на купувањето и ќе можете и да изберете како подарок еден од следниве три уреди на Xiaomi: стик правосмукалка Xiaomi Vacuum Cleaner G20 Lite EU, прочистувач на воздух Xiaomi Smart Air Purifier 4 Compact EU или панелка за греење Mi Smart Space Heater S EU.
Промоцијата ќе трае до 22 октомври или до истрошување на залихите.
Извор: Webmind редакција